Спорт
Реал во дербито по победа и клубски рекорд
Натпреварите од 15-то коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија ќе минат во сенка на „ел класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, со почеток во 22 часот, вечните ривали Реал и Барселона ќе го одиграат големото дерби.
Натпреварите од 15-то коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија ќе минат во сенка на „ел класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, со почеток во 22 часот, вечните ривали Реал и Барселона ќе го одиграат големото дерби.
Пред мечот Реал е лидер на табелата со три бода повеќе и натпревар помалку од Барселона. Каталонците изминатите години имаат повеќе успех во меѓусебните преметки, но Реал, пред се поради подобрата форма се смета за благ фаворит.
Мотив повеќе за играчите на Жозе Мурињо да бркаат победа е и клубскиот рекорд кој стои пред нив. Имено, Реал се наоѓа во серија од 15 последовни победи, со што го израмни рекордот на клубот, па доколку оваа генерација забележи победа во дербито тогаш ќе биде сопственик на најдолгата низа на победи во пребогатата историја на „кралскиот клуб“.
Пред „ел класико“ ќе се одиграат две средби, мини дербито меѓу Леванте и Севиља и натпреварот помеѓу Бетис и Валенсија. Бетис по стартните четири победи, во следните десет кола освои само еден бод (девет порази и едно реми), додека Валенсија сигурно ја држи третата позиција во лигата.
Комплетни двојки:
Леванте-СевљаБетис-ВаленсијаРеал Мадрид-Барселона
Недела, 11.декември:Рајо Ваљекано-Спортинг ХихонХетафе-ГранадаВиљареал-Реал СосиедадСарагоса-МајоркаМалага-ОсасунаАтлетик Билбао-Расинг СантандерЕспањол-Атлетико Мадрид
Табела: Реал Мадрид 37 бода, Барселона 34 (+1), Валенсија 30, Леванте 26, Севиља 24, Малага 23… крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.