Спорт
Мурињо: Поразот не е трагедија – тажен сум, но смирен
Мадрид, 11.12.2011 (Макфакс) – По поразот во „ел класико“, од Барселона со 1:3, тренерот на Реал, Жозе Мурињо, на прес конференцијата беше смирен и рече дека најважно е неговиот тим да ја задржи концентрацијата.
По поразот во „ел класико“, од Барселона со 1:3, тренерот на Реал, Жозе Мурињо, на прес конференцијата беше смирен и рече дека најважно е неговиот тим да ја задржи концентрацијата. „Тажен сум и смирен. Пред натпреварот бевме смирени, бидејќи ниту победата ќе беше голем тријумф, ниту поразот е трагедија. Ова е првенство, еден меч не може да го реши шампионот. Сега е најважно да ги одиграме натпреварите пред Божиќната пауза – ќе бидеме лидери доколку ја совладаме Севиља“, рече Португалецот. „Можеше да биде и 2:0 за нас, но играч каков што е Роналдо не успеа да постигне гол. Првото полувреме беше сосема израмнето, во второто тие постигнаа среќен гол – тој гол не беше плод на квалитет или талент, туку чиста среќа. Потоа тие се стекнаа со психолошка предност, играа многу послободно, беа мирни и тоа беше решавачко. Мала беше разликата помеѓу нас и Барселона, но тоа е фудбалот“, додаде Мурињо. Еден од новинарите го замоли Мурињо да го каже своето мислење – дали Меси го заслужи вториот жолт картон, кога кон крајот на првото полувреме го фаулираше Чаби Алонсо. „Можеби и не го заслужи вториот жолт картон. Јас не би требало да ја коментирам таа ситуација. Јас тоа го гледав од клупата, на далечина од 30-40 метри, не сакам да бидам неправеден. Нема да го критикувам судијата додека не ја прегледам снимката“. На прашање што не му се допаднало во играта на неговиот тим, Мурињо рече:„Не ми се допадна начинот на кој го примивме првиот гол, бидејќи и во претходните натпревари примавме слични голови од Барселона“. Трофејниот стручњак не сакаше да ги коментира свирежите кои навивачите од еден дел на стадионот му ги упатија на Кристијано Роналдо, само рече дека немал време да се занимава со такви работи, бидејќи бил сконцентриран на натпреварот. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

