Спорт
Вардар заслужено до есенската титула
Скопје, 12.12.2011 (Макфакс) – По пет месеци, и одиграни 18 кола, заврши есенскиот дел од првенството во Првата македонска лига (ПМФЛ).
По пет месеци, и одиграни 18 кола, заврши есенскиот дел од првенството во Првата македонска лига (ПМФЛ). Стартот на пролетниот дел од сезоната 2011/2012 од првото место ќе го започне Вардар, екипа која сеуште не ја има почувствувано горчината на поразот во првенствените натпревари. „Црвено-црните“ есента ја завршија со 13 поебеди и пет нерешени средби и гол разлика 31:7. Единствениот пораз Вардар го доживеа во реванш четвртфиналната пресметка, во купот, со 11.Октомври (1:2), но тој пораз не го спречи пласманот на вардарци во полуфиналето. Вардар одигра пет средби во Купот на Македонија, забележа четири победи и еден пораз. Лидерот во првенството е заслужено на оваа позиција, избраниците на Илчо Ѓоргиоски, имаа константана форма, победуваа против „помалите“ тимови, а не загубија натпревар против директните конкуренти за титулата. Вардар го има најдобриот напад, заедно со Шкендија, и најдобрата одбрана во лигата, заедно со Металург, а Филип Ивановски со 14 погодоци е лидер на листата на стрелците. Во пролетниот дел Вардар ќе стартува со пет бода повеќе во однос на Металург и осум во однос на Шкендија. Токму Металург и Шкендија, според прикажаното и бодовната залиха ќе им бидат единствени конкуренти на „црвено-црните“ во борбата за титулата. Металург полусезоната ја заврши со само еден пораз, од Шкендија во Тетово, екипата на Ѓорѓи Христов, кој го наследи Жикица Тасески, првиот дел го финишираше со убедливата победа од 6:0 над Охрид. Шкендија, актуелниот првак, по 18 рунди, има осум бодови помалку од Вардар и три од Металург. Шкендија во есенскиот дел запиша четири порази (сите во првите десет кола) и тука е причината што екипата од Тетово не е поблиску до Вардар на табелата. Како сега стојат работите 11.Октомври, Турново, Тетекс, Работнички, Напредок и Охрид ќе се борат за опстанок. Изненадувачки е што во ова друштво се наоѓа Работнички, кој во летните месеци и приреди толку многу радост на домашната фудбалска јавност. Можеби успешниот настап во квалификациите за Лига Европа, и подоцна, допинг аферата, е причината што младиот состав на дебармаалци го загуби ритамот и формата. Серијата од осум последовни порази го сместија Работнички,, во конкуренција на 12 екипи, на деветтата позиција. Пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе стартува на 3.март следната година, Вардар во 19-то коло ќе го пречека Тетекс, додека конкурентите Металург и Шкендија ќе гостуваат во Кратово, кај Силекс, односно во Штип кај Брегалница. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

