Спорт
Реал им се врати на победите
Мадрид, 14.12.2011 (Макфакс) – Фудбалерите на Реал, по поразот од барселона во „ел калсико“, им се вратија на победите. Реал во шеснаесетина финалето на шпанскиот Куп забележа гостинска победа од 0:2 против Понферадина.
Фудбалерите на Реал, по поразот од барселона во „ел калсико“, им се вратија на победите. Реал во шеснаесетина финалето на шпанскиот Куп забележа гостинска победа од 0:2 против Понферадина. Кајхон и Кристијано Роналдо беа стрелци на головите, во натпревар во кој „кралскиот клуб“ последните 20 минути го одигра со играч помалку поради исклучувањето на Раул Албиол. Во пресметката на членовите на Примера, Малага во Мадрид го победи Хетафе со 0:1 и мирно го чека реваншот на својот стадион. Идентична победа против Мајорка забележа Спортинг Хихон. Најефикасниот меч го одиграа Расинг и Рајо Вањекано, домаќините победија со 3:2. Валенсија како гостин одигра 0:0 со Кадиз, додека Севоља минимално го победи Сан Роке де Лепе. Резултати од првите натпревари во шеснаесетина финалето на купот на Шпанија:Кадиз-Валенсија 0:0Понферадина-Реал Мадрид 0:2Алкоркон-Сарагоса 1:1Алмерија-Осасуна 1:3Селта-Еспањол 0:0Кордоба-Бетис 1:0Ла Коруња-Леванте 3:1Хетафе-Малага 0:1Мајорја-Спортинг 0:1Мирандес-Виљареал 1:1Расинг-Рајо Ваљекано 3:2Реал Сосиедад-Гранада 4:1Сан Роке де Лепе-Севиља 0:1. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

