Спорт
Руски милијардер ќе го купува Монако

Монако, 14.12.2011 (Макфакс) – Претседателот на фудбалскиот клуб Монако, Ениен Франци, изјави дека кон крајот на годината клубот би требало да го купи рускиот милијардер, Дмитри Риболовјев.
Претседателот на фудбалскиот клуб Монако, Ениен Франци, изјави дека кон крајот на годината клубот би требало да го купи рускиот милијардер, Дмитри Риболовјев. Францускиот гигант, во последните неколку години незадржливо тоне, минатата сезона Монако испадна во втората лига, каде по 16 одиграни натпревари се наоѓа на последното место со скромни 11 бода. „Имаме план со кој се ќе биде решено до крајот на годината, а тоа се господинот Риболовјев и неговите соработници. Тоа е добра вест за Монако и францускиот фудбал“, рече Франци. Риболовјев се наоѓа на 93-то место на листата на Форбс, на најбогати луѓе во светот. Риболовјев во јуни минатата година ја продаде својата компанија Уралкали за сума од пет милијарди евра. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дортмунд лесно со Улсан, Мамелоди не успеа да направи сензација против Флуминенсе

Познати се уште двајца учесници во нокаут фазата на Светското клупско првенство, тоа се Борусија Дортмунд и Флуминенсе.
На Дортмунд му беше потребна победа над корејски Улсан за да се пласира во осминафиналето. Германскиот тим успеа да триумфира и да го потврди пласманот во нокаут фазата.
Резултатот 1:0 не го покажува најдобро вистинскиот однос на силите. Натпреварот мина во апсолутна доминација на „милионерите“.
Помладиот од браќата Белингем, му асистираше на Швеѓанецот Свенсон во 36-та минута.
Флуминенсе беше фаворит против јужноафриканскиот Мамелоди, но на теренот изгледаше сосема поинаку, дури и тимот од „Црниот континент“ имаше подобри шанси, речиси успеа да направи изненадување и да се пласира во осминафиналето.
Не успеаја, Флуминенсе издржа во финишот, освои бод за место меѓу најдобрите 16. Четирите бразилски тима се пласираа во осминафиналето: Флуминенсе, Палмеирас, Ботафого и Фламенго.
Спорт
Роналдо останува – ќе игра дури и на 43 години

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср.
Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од останувањето во Саудиска Арабија.
Тој треба да потпише едногодишно или двегодишно продолжување на соработката со клубот, во зависност од тоа што играчот претпочита. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека сè уште би играл фудбал професионално на 43 години.
Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално има 938 гола во кариерата и е главната мотивација за него да продолжи да игра 1.000 гола.
Минатата сезона, тој постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.
Тој одигра 221 натпревар и постигна 138 гола за Португалија. Неодамна го освои својот трет трофеј со репрезентацијата, славејќи во финалето на Лигата на нации по втор пат во кариерата.
Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.