Спорт
Барселона нема да носи замени за Виља и Афелај

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона не планира да доведува нови играчи во зимскиот преоден рок во јануари како замена за Давид Виља и Ибрахим Афелај, а наместо тоа ќе ги промовира своите млади фудбалери, соопшти во саботата раководството на клубот.
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона не планира да доведува нови играчи во зимскиот преоден рок во јануари како замена за Давид Виља и Ибрахим Афелај, а наместо тоа ќе ги промовира своите млади фудбалери, соопшти во саботата раководството на клубот.Шпанскиот репрезентативец Давид Виља ја скрши ногата во четвртокот во полуфиналниот дуел на светското клупско првенство во Јапонија и нема да може да настапува идните пет месеци, додека холандскиот фудбалер Ибрахим Афелај во октомври беше подложен на операција на коленото и на фудбалските терени ќе може да се врати дури на почетокот од април.„Разговаравме со спортскиот директор Андони Зубизарета, и со стручниот штаб, и нема никого да носиме. Иако Виља и Афелај се повредени, ние имаме спортска философија која ни зборува дека треба да се потпреме на младата екипа. Кога играа играчите од нашата академија, остварувавме навистина одлучни резултати“, изјави потпретседателот на Барселона, Хосеп Бартомеу./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок за Барселона: Манчестер Сити бара 100 милиони фунти за Бернардо Силва

Англискиот првак Манчестер Сити бара огромна сума за продажба на играчот од средниот ред, Бернардо Силва. Барселона го сака Португалецот и „граѓаните“ се подготвени да го пуштат да се пресели на „Камп Ноу“, но само доколку добијат 100 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот.
Не е тајна дека самиот Бернардо Силва сака да се пресели во Барселона. Тоа јасно им го кажал на сопствениците на „граѓаните“. На „Етихад“ сепак знаат дека тој е премногу вреден играч за тимот, а покрај тоа, евентуалната зделка ќе се случи во последните денови од преодниот рок, кога на клубот ќе му биде тешко да најде соодветна замена за него.
Со моментната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона, каталонскиот клуб нема шанси да плати толкава цена за 28-годишниот Португалец.
Бернардо Силва дојде на „Етихад“ од Монако во 2017 година за 70 милиони, евра плус дополнителни бонуси. Во изминатите 6 сезони, тој стана клучен играч на Сити, забележувајќи 253 настапи, со 48 гола и 50 асистенции во сите натпреварувања.
Спорт
Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, а како позајмен ќе игра за Борац Бања Лука

Македонскиот кошаркарски бисер Теодор Симиќ, кој по четири години во Барселона донесе одлука да замине од каталонскиот клуб, потпиша договор со Игокеа, која во моментот ја предводи довчерашниот македонски селектор Драган Бајиќ.
Талентираниот центар потпиша четиригодишен договор со тимот од Лакташи, а во првата сезона ќе настапува за Борац Бања Лука кој игра во АБА 2 лигата.
Спорт
Деле Али ќе го засили Бешикташ?

Повремениот англиски репрезентативец Деле Али е пред трансфер во турскиот гигант Бешикташ. Тој доаѓа на позајмица, а ќе има годишна плата од 2,2 милиони евра годишно, откриваат турските медиуми.
Деле Али не успеа да ја пронајде некогашната форма и во Евертон, па менаџерот Франк Лампард е подготвен да му дозволи да замине во гигантот од Истанбул.
Во неговите најдобри денови, Деле Али беше цел на Барселона и на Реал Мадрид.