Спорт
Откажани две трки во Светскиот куп во алпско скијање

Лошите временски услови кои денеска владеат во Европа, одложија две трки од Светскиот куп во алпско скијање.
Лошите временски услови кои денеска владеат во Европа, одложија две трки од Светскиот куп во алпско скијање.
Поради обилните снежни врнежи, организаторот на слаломската трка во женска конкуренција, која требаше да се вози во францускиот Куршевел, беше принуден да го откаже натпреварувањето.
Слаломот во Куршевел е вториот кој е откажан во досегашниот дел од сезоната, претходно не се одржа трката во финскиот Леви. Алпинките, досега од предвидените три извозеа само една слаломска трка, во Аспен победи Марлиз Шилд.
Утре, доколку тоа го дозволат временските услови, во Куршевел, дамите ќе возат велеслалом.
Слично, со откажување на трката, постапија и организаторите на машкиот спуст во италијанската Вал Гардена.
Трката започна, низ патеката се слуштија 21 натпреварувач, кога, организаторот поради силниот ветер, реши да направи пауза од половина час. По паузата на патеката излегоа уште тројца натпреварувачи по што конечно организаторите ја прекинаа трката.
Скијачите утре треба да возат велеслалом во Алта Бадиа. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кирјос го елиминира Медведев на стартот на Мастерсот во Монтреал

Австралиецот Ник Кирјос го совлада Русинот Данил Медведев со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:2) на стартот на Мастерсот во Монтреал. Двајцата тенисери одлично сервираа во првиот сет, Кирјос го имаше единствениот брејк и сет поен при 5:4, но Медведев го спаси. Победникот во првиот сет беше решен со тај-брејк во кој подобар беше светскиот тенисер број еден кој на Австралиецот му дозволи само два поени.
Кирјос подобро го започна вториот сет и стигна до брејк на стартот. До крајот на сетот, финалистот на Вимблдон го сочува својот сервис и стигна до израмнување во сетови.
Кирјос го направи првиот брејк и во третиот сет освојувајќи го петтиот гем, но Медведев возврати. Сепак, Австралиецот направи нов брејк и го комплетираше мечот.
Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска убедливо ја елиминира Австралијката Ајла Томљановиќ со 6:1, 6:2 на турнирот во Торонто. Чешката тенисерка Каролина Плишкова се пласираше во осминафиналето на турнирот во Торонто, откако во два сета, со 6:1, 6:1 ја совлада Американката Аманда Анисимова.
Спорт
Анчелоти е најтрофеен тренер во Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид успеа да ја отвори сезоната, како и што ја затвори претходната, со европски трофеј. „Кралевите“ го освоија Суперкупот на УЕФА со победата од 2:0 против Ајнтрахт Франкфурт во Хелсинки.
Со овој нов пехар, тренерот Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во Суперкупот. Тој има освоено четири титули во Суперкупот, две со Милан и две со Реал Мадрид. Со ова го надмина Пеп Гвардиола, кој има три трофеи во ова европско натпреварување.
4 – Carlo #Ancelotti is the manager with the most UEFA Super Cup titles (two with AC Milan and two with Real Madrid): 4, overtaking Pep Guardiola (three between Barcelona and Bayern Munich). King. pic.twitter.com/6ZhiUoszQz
— OptaPaolo ???? (@OptaPaolo) August 10, 2022
Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.