Спорт
Фени индустри го доби трилерот во Куманово

Актуелниот првак Фени индустри, во 15-то коло, во трилер завршница забележа победа во Куманово од 82:81.
Актуелниот првак Фени индустри, во 15-то коло, во трилер завршница забележа победа во Куманово од 82:81. Капитенот на Фени индустри Самарџиев, на 14 секунди до крајот, реализираше само едно од двете слободни за водство на Фени од 80-79, но Џарид Фрај украде важна топка и со забивањето на Кирил Николовски, гостинот од Кавадарци стави точка на натпреварот. Со двете реализирани слободни на крајот, Јањушевиќ само намали и ги постави конечните 81-82. Кирил Николовски беше најефикасен кај победникот со 21 поен и 7 скокови, а поддршка доби и од Кнежевиќ, Лилов и Фрај. Кај кумановчани, Јелесијевиќ беше најефикасен со 19 поени и 8 скокови, додека Јањушевиќ и Микиќ постигнаа по 16.„Куманово уште еднаш покажа дека е многу силна екипа, која игра особено добро на домашен терен. Куманово повторно одиграа добро под кошевите, ние се обидувавме колку можеме да ги спречиме во таа игра и иако постигнаа доста поени, добро испадна на крајот. И покрај густиот распоред во последниот период, ние го задржавме квалитетот на играта, одигравме добро и против Левски, но ни недостасуваше малку среќа на крајот. Сега одморот добро ќе ни дојде и се надевам дека ќе продолжиме со квалитетни игри и по паузата“, изјави за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија центарот на Фени, Кирил Николовски. Лирија на домашен терен, потешко од очекуваното, забележа победа над Врадар од 82:73. Филиповиќ со 20 поени и Симиќ со 13 поени и 10 скока ја предводеа Лирија, кај Вардар, Радуловиќ уфрли 21, а Тасевски 17 поени. МЗТ Скопје, во Струмица ја забележа 11-та победа во првенството, аеродромци лесно со 51:85 славеа над АБА Струмица. Утре во Скопје Торус и Кожув ќе го комплетираат 15-то коло, во кое слободна е екипата на Работнички. крај/basketball.org.mk/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO