Спорт
Реал ја растури Севиља, годината ја заврши на првото место

Реал Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига, откако во 16-то коло, на „Санчез Писхуан“, ја растури Севиља, победувајќи со 6:2.
Реал Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига, откако во 16-то коло, на „Санчез Писхуан“, ја растури Севиља, победувајќи со 6:2.
Играчите на Реал брзо се опоравија од поразот, кои го претрпеа во дербито со Барселона, во Севиља го бомбардираа голот на домаќинот од сите позиции, а прашањето на победникот го решија уште во првиот дел, кога со головите на Кристијано Роналдо 10. и 41. минута и Каљехон 37. минута, стигнаа до недостижна предност.
Ниту исклучувањето на Пепе, на истекот од првото полувреме, не ги сопре фудбалерите на Мурињо, кои во вториот дел постигнаа уште три гола, Ди Марија 66. , Роналдо од пенал го комплетираше хет-трикот во 86., а деби голот во дресот на Реал го постигна Алтинтоп во 89. минута.
Севиља катастрофата ја ублажи со головите на Навас и Негредо. Реал на првото место сега има 40 бодови, три повеќе од Барселона.
Значајни гостински победи забележаа Еспањол во Хихон, против Спортинг 2:1 и Хетафе кој со ист резултат ја победи Мајорка. Атлетик Билбао, во натпревар во кој имаше два црвени картони, ја совлада Сарагоза со 2:1.
Останатите натпревари во Ла Лига ќе се одиграат попладнево: Атлетико Мадрид-Бетис, Гранада-Леванте, Осасуна-Виљареал, Расинг-Реал Сосиедад и Валенсија-Малага.
По оваа натпреварувачка рунда, во Ла Лига следува пауза поради Божиќните и Новогодишните празници, а првенството ќе продолжи на 8. јануари. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.
Спорт
Барса успеа да „сврти“ дел од навивачите контра Френки де Јонг

Летната „сага“ на Френки де Јонг продолжува, откако дел од навивачите на Барселона го пречекаа холандскиот репрезентативец на денешниот тренинг на клубот со навреди и со извици: „Намали ја платата, кучко“, објавува шпанскиот „Диарио спорт“.
Оваа доаѓа по вестите дека Барселона побарала од Холанѓанецот да се откаже од договорот потпишан во времето на претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поради „нелегалности“, по што тој одговори со ангажирање на адвокати сомневајќи се дека Барселона сакаат да му го нарушат угледот.
Барселона наводно уште пред речиси два месеци се договори со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, но тој одбива да си замине. Сега, пак, последните вести ги поставуваат Челси како главни фаворити за неговиот потпис.
#FCB????????
???? Graves insultos a Frenkie De Jong a su llegada a la Ciutat Esportiva
????️ ¡Bájate el sueldo, p****!
???? @DBR8 pic.twitter.com/Kq8L0SGQKP
— Diario SPORT (@sport) August 10, 2022
Френки де Јонг најмил адвокати за притисокот што му го прави Барселона
Спорт
Галијани: Ни треба брегзит во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен брегзит, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиер лигата.
Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).