Спорт
ЦСКА максимално, Жалгирис во Топ 16

Заврши првата фаза во кошаркарската Евролига, во Б и Д групите, по десет одиграни кола единствена екипа со максимален ефект е ЦСКА Москва.
Заврши првата фаза во кошаркарската Евролига, во Б и Д групите, по десет одиграни кола единствена екипа со максимален ефект е ЦСКА Москва.„Армејците“, во последното коло, во Малага, ја победија Уникаха со 83:91. Милош Теодосиќ го одигра својот најдобар меч во досегашниот дел од Евролигата, запишувајќи 18 поени и 10 аситенции. Во оваа Б група, последното коло го даде и последниот патник во Топ 16 фазата. Според очекувањата тоа е Жалгирис, кој на домашен терен го победи Загреб со 87:76. Панатинаикос во Атина во тврд натпревар го совлада Бамберг со 71:66 и го елиминира од понатамошните натпревари. Група Б:Панатинаикос-Бамберг 71:66Уникаха-ЦСКА 83:91Жалгирис-Загреб 87:76Табела: ЦСКА 10-0, Панатинаикос 7-3, Уникаха 5-5, Жачгирис 4-6, Бамберг 3-7, Загреб 2-8Дуелите во Д групата не решаваа ништо, таму се играше за престиж. Барселона го декласира Галатасарај, Монтепаски, без повредениот Бо Мекејлеб, лесно се справо со Проком, додека Мајк Вилкинсон во победата на Уникс во Љубљана имаше скромен егект од 3 поени, 5 скока и 2 асистенции.Група Д:Барселона-Галатасарај 79:50Олимпија-Уникс 63:76Проком-Монтепаски 53-79Табела: Барселона 9-1, Монтепаски 8-2, Уникас 7-3, Галатасарај 4-6, Проком 1-9, Олимпија 1-9. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.
Спорт
Барса успеа да „сврти“ дел од навивачите контра Френки де Јонг

Летната „сага“ на Френки де Јонг продолжува, откако дел од навивачите на Барселона го пречекаа холандскиот репрезентативец на денешниот тренинг на клубот со навреди и со извици: „Намали ја платата, кучко“, објавува шпанскиот „Диарио спорт“.
Оваа доаѓа по вестите дека Барселона побарала од Холанѓанецот да се откаже од договорот потпишан во времето на претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поради „нелегалности“, по што тој одговори со ангажирање на адвокати сомневајќи се дека Барселона сакаат да му го нарушат угледот.
Барселона наводно уште пред речиси два месеци се договори со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, но тој одбива да си замине. Сега, пак, последните вести ги поставуваат Челси како главни фаворити за неговиот потпис.
#FCB????????
???? Graves insultos a Frenkie De Jong a su llegada a la Ciutat Esportiva
????️ ¡Bájate el sueldo, p****!
???? @DBR8 pic.twitter.com/Kq8L0SGQKP
— Diario SPORT (@sport) August 10, 2022
Френки де Јонг најмил адвокати за притисокот што му го прави Барселона
Спорт
Галијани: Ни треба брегзит во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен брегзит, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиер лигата.
Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).