Спорт
Пети не верува во „триколорите“

Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, смета дека „триколорите“ немаат големи шанси за освојување на титулата на Европското првенство.
Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, смета дека „триколорите“ немаат големи шанси за освојување на титулата на Европското првенство. Пети кој со Франција во 2000 година ја освои европската титула, а две години претходно стана и светски првак, не верува во потенцијалот на фудбалерите кои на располагање ги има селекторот Лоран Блан. „Нема да ме понесе патриотизмот. Мислам дека тимот на Блан нема ментална сила и знаење за да биде во кругот на фаворити“, изјави за „Fifa.com“, 41-годишниот Пети. „Франција има неколкумина врвни играчи, но тие не го имаат покажано својот потенцијал во дресот на репрезентацијата. Мислам дека е подобро да не бидеме ставани во кругот на фаворити, бидејќи на пријателските натпревари со Англија и Бразил покажавме дека играме подобро кога сме аутсајдери“, истакна тој. Некогашниот фудбалер на Арсенал и Барселона, пофално се изрази за работата на неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Лоран Блан. „Тој се обидува да стори она што е најдобро, и мислам дека во тоа успева. По Светското првенство во 2011, каде Франција одигра очајно, превземање на таа екипа беше рамно на самоубиство. Кога ќе се земе тоа во предвид, мислам дека направи и повеќе отколку што се очекуваше“, рече Пети. Фудбалската репрезентација на Франција, натпреварите на ЕП во Полска и Украина ќе ги отвори на 11. јуни против Англија, во групата уште се наоѓаат Шведска и Украина. крај/fifa.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мајката на Рабио ќе му го растури и трансферот на „Олд Трафорд“?

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер Јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.
Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиерлигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.
Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.
Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.
Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.
Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.
Спорт
Илон Маск го купува Манчестер Јунајтед?

Милијардерот Илон Маск го разнесе интернетот со твит дека планира да го купи Манчестер Јунајтед. Извршниот директор на компанијата „Тесла“ напиша два последовни твита на кои пишуваше:
„Ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!
„И јас исто така планирам да го купам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте.
To be clear, I support the left half of the Republican Party and the right half of the Democratic Party!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2022
Сепак, Маск е познат по објавувањето на вакви шеговити твитови, па во овој момент не е јасно колку сериозни се неговите намери. Во моментов, мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед е американскиот милијардер Малколм Глејзер, кој поседува 75% од акциите на клубот.
Веднаш дојде и потврдата дека сепак засега се работи за шега.
„Не, тоа е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купувам спортски клуб“, дополни Маск.
„Црвените ѓаволи“ лошо ја стартуваа сезоната во Премиерлигата, а оваа година нема да бидат дел и од Лигата на шампионите.
Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.