Спорт
Новицки со победа го обележа јубилејот
Осум победи на домашните екипи на дванаесетте одиграни натпревари во НБА лигата.
Осум победи на домашните екипи на дванаесетте одиграни натпревари во НБА лигата. Чикаго ја продолжи победничката низа со победата во Детроит 83:99. Бузер со 19, Роуз со 17 и Хамилтон со 14 поени ги предводеа Биковите до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Борис Дијао постигна 27 поени, а неговиот Шарлот го изненади Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“, победувајќи со 110:118. Њујорк во поразот го предводеше Кармело Ентони со 32 поени. На гостински терен уште Филаделфија победи во Њу Орлеанс 93:101, а Мемфис, во Минеаполис ја совлада Минесота со 86:90. Најдобриот играч на актуелниот шампион Далас, Дирк Новицки, со победа над Феникс 98:89, го обележа јубилејот, 1.000 натпревари во лигата. Новицки мечот го заврши со 20 поени, 6 скока и 7 асистенции. Мајами, без Двејн Вејд, лесно се справи со Индијана, победувајќи со 118:83. Леброн Џејмс ги предводеше „жешките“ со 33 поени. Монта Елис постигна 37 кошеви, но тоа не беше доволно Голден Стејт да го избегне поразот во Сан Антонио. „мамузите“ без Џинобили забележаа победа од 101:95. ЛА Клиперси со 117:89 го совладаа Хјустон, во натпревар, во кој Крис Пол забележе двоен ефект, 20 поени и 10 аситенции. На другите натпревари:Орландо-Вашингтон 103:85Торонто-Кливленд 92:77Бостон-Њу Џерси 89:70Денвер-Сакраменто 110:83. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен на стартот пред Норис и Пјастри
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Абу Даби, последната трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдобрата стартна позиција на патеката „Јас Марина“ со време од 1:22.207 минути, две десетинки пред Ландо Норис во Мекларен.
Двајцата, инаку главни претенденти за титулата, беа следени од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше 28 илјадити зад својот тимски колега.
Трката од вториот ред, веднаш до Пјастри ќе ја започне Џорџ Расел од Мерцедес.
На стартот, во третиот ред се Шарл Леклер (Ферари) и ветеранот од Астон Мартин, двократниот шампион, Фернандо Алонсо.
Во првите десе место на стартот изборија: Габи Бортолето (Заубер), Естебан Окон (Хас), Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Јуки Цунода (Ред Бул).
Норис е лидер во генералниот пласман со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Пјастри. Доколку Ферстапен утре победи, Норис треба да биде најмалку трет за да ја освои титулата.
Трката за Големата награда на Абу Даби ќе започне во 14 часот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Буендија во 95-та минута му пресуди на лидерот Арсенал
Лидерот во Премиер лигата падна на „Вила Парк“ во Бирмнигме. Емелијано Буендија, во 95-та минута постигна гол за триумф на Астон Вила над Арсенал 2:1. Аргентинецот им го нанесе на „топџиите“ вториот пораз оваа сезона.
Вила ја имаше првата голема шанса, но Раја имаше фантастична одбрана по ударот на Оли Воткинс во десеттата минута.
Играта беше интензивна на двете страни, потоа Арсенал малку ја презеде иницијативата – голот на Езе беше оправдано поништен поради офсајд, Сако исто така се обиде да упати удар со глава, но топката заврши веднаш до стативата.
Потоа домашните повторно наметнаа свој ритам, а во 36-та минута го видовме најважниот момент од првото полувреме – долг вовед во акцијата, аут од левата страна, Тимбер не реагираше доволно добро и топката заврши на втората статива, а таму Мети Кеш се протна зад Езе и го донесе својот тим во водство.
Арсенал започна уште поагресивно во второто полувреме, а наградата дојде брзо, во 53-та минута, резервистот Леандро Тросар постигна гол. Играчите на Вила загубија топка на средината од теренот, следуваше молскавична контра, Сака во шеснаесетникот дијагонално уфрли, а со малку среќа топката заврши пред Тросар, на кого не му беше тешко да изедначи.
Тросар го постигна 50-от гол во Премиер лигата.
Во 65-та минута, Раја одбрани удар на Воткинс, а четири минути подоцна, Емилијано Мартинез ја исфрли топката преку пречката со врвовите на прстите по феноменалниот удар на Едегор.
Се чинеше дека Арсенал е поблиску до водство, но по грешката на Калафиори, одлична шанса имаше Мален, кој го замени Воткинс. Сепак, шутираше покрај голот од добра позиција.
Тоа означи период на подобра игра на Вила, која заврши со голот на Бунедија.
Foto/ EPA
Спорт
Селекторите молчат – Дали Меси и Роналдо ќе играат на СП?
Двајца најдобри во 21 век се во доцните фудбалски години, што го поставува прашањето за нивниот настап на претстојното Светско првенство.
И Аргентинците и Португалците вешто ги кријат своите карти, без јасни навестувања дали Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе ги закажат своите лебедови песни за следното лето.
„Ќе почекаме додека не одлучи, засега не знаеме ништо. Во принцип, сè оди во вистинската насока. Само ќе ја прифатиме неговата конечна одлука, тоа е реалноста“, беше краток тренерот на светскиот шампион Лионел Скалони.
Неговиот колега, од португалскиот табор, не беше премногу расположен да разговара за жешката тема.
„Како и сите играчи, тој има уште шест месеци до Светското првенство. Моменталното ниво на Кристијано е високо, тој постигна 25 гола во последните 30 натпревари за Португалија и е во добра форма. Ќе почекаме до летото“, рече Роберто Мартинез.
Иако кормиларите се бранат со молчење, сосема е јасно дека двајцата великани едноставно мора да бидат меѓу патниците за Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Тоа би бил рекорден шести настап за Меси и Роналдо на најголемото фудбалско шоу во светот.
Foto/ EPA

