Спорт
Фергусон: Нема да го доведеме Лампард
Менаџерот на славниот англиски премиерлигаш Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон го отфрли шпекулациите на медиумите дека размислува за доведување на играчот за врска на лондонски Челзи, Франк Лампард до крајот на преодниот рок во јануари.
Менаџерот на славниот англиски премиерлигаш Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон го отфрли шпекулациите на медиумите дека размислува за доведување на играчот за врска на лондонски Челзи, Франк Лампард до крајот на преодниот рок во јануари. „Нема белки да ми кажете дека Челзи ќе го продаде Франк Лампард на Манчестер јунајтед во јануари. Навистина верувате во тоа?“, изјави сер Алекс Фергусон на прес-конференција во петокот. „Челзи е како и ние. Сакаат да сторат нешто. Вториот дел од првенството ние е важен. Што можете да добиете во јануари? Играчите коишто ги сакаме, не можеме д а ги доведеме. Ако е алтернативата носење второкласни играчи,ние тоа не сакаме да го сториме“, изјави тренерот на манчестерските „црвени ѓаволи“ .Јунајтед кој ги загуби двете последни првенствени натпревари, игра во третото коло на ФА купот со градскиот ривал Манчестер сити во недела. Во првенството Сити има три бода повеќе пред Јунајтед на втората позиција./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голманот на Бока Јуниорс тргна да се тепа со навивачите
Голманот на Бока Јуниорс, Серхио Ромеро, по поразот на домашен терен во Супер класико, влезе меѓу навиваѓите и имаше жестока расправија со нив.
Откако судијата означи крај на натпреварот, искусниот голман влезе на трибината. Настана хаос бидејќи некои навивачи го нападнаа додека други се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Фудбалерите на Ривер Плата славеа во дуелот со Бока Јуниорс на гостински терен со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Мануел Ланцини во 20. минута.
Бока можеше да дојде до еден бод, но голот на Милтон Хименез во седмата минута од судиското надополнување беше поништен поради играње со рака.
RIVER LE ROMPIÓ EL ORTO A BOCA EN SU CANCHA Y LOS HINCHAS SE PUTERON CON ROMERO JAJAJAJAJAJAJAAJAAJAJAJSJAJAJAJAJAJA
LES ARRUINAMOS LA VIDA Y LES ARMAMOS OTRO CABARET, HERMOSO
pic.twitter.com/d1KcfJJghT— SpiderCarp 🤟🏻🕷️ (@SpiderCarp23) September 21, 2024
Се појави видео на кое се гледа како голманот Ромеро, откако го кон него и соиграчите се упатени серија навреди влегува на трибината.
Додека дел од навивачите се обидуваа да го нападнат голманот, други се обидуваа да ја смират ситуацијата. Благодарение на интервенцијата на играчите и редарите, спречен беше поголем инцидент.
Este tipo no puede volverse a poner el buzo de arquero de Boca. pic.twitter.com/pVyTGjyJPY
— Nico Ambrogi ⭐️ 74 ⭐️ (@Nicoambrogi) September 22, 2024
Спорт
Спектакл на преполниот Вембли: Дубоа го нокаутираше Џошуа (ВИДЕО)
Британскиот боксер Даниел Дубоа ја задржа светската титула во ИБФ.
Пред 96.000 луѓе на стадионот „Вембли“ во Лондон, Дубоа со нокаут во петтата рунда го победи сонародникот и голем фаворит Ентони Џошуа.
Дубоа ја контролираше целата борба и неколку пати го собори противникот, чија кариера британските медиуми ја прогласија практично за завршена по „најубедливиот пораз во кариерата“. Ова беше негов четврти пораз во 32 борби, додека Дубоа има 22 победи (21 со нокаут) и два порази.
DANIEL DUBOIS HAS KNOCKED OUT ANTHONY JOSHUA!!! WHAT A PERFORMANCE!#JoshuaDubois #Boxingpic.twitter.com/By8gbt42rT
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 21, 2024
Спорт
(Видео) Галатасарај со Осимен го растури Фенербахче на Жозе Мурињо
Во големото дерби на турскиот фудбал, актуелниот шампион Галатасарај победи со 3:1 на стадионот на Фенербахче. Галатасарај има шест победи со што го изедначи најдобриот старт на клубот во Супер лигата.
Гостите поведоа во 21. минута со автоголот на Доминик Ливаковиќ. Топката по ударот на Лукас Тореира се одби од стативата се одби од грбот на Ливаковиќ и заврши во голот.
Осум минути подоцна беше 2:0 за гостинскиот тим, а во главните улоги беа двајца поранешни играчи на Наполи.
Виктор Осимен, големото засилување на Галата оваа сезона, атрактивно со гради му асистираше на Дрис Мертенс, а ветеранот ја зголеми предноста на својот тим.
Кога во 60. минута 20-годишниот Бразилец Габриел Сара зголеми на 3:0, јасно беше дека Фенербахче ќе го доживее првиот пораз сезонава.
Две минути подцна Џеко од пенал постигна гол за Фенербахче. До крајот на мечот Фенербахче напаѓаше, имаа играчите на Жозе Мурињо две добри шанси но резултатот остана 1:3.
Галатасарај по првите шест кола има исто толку победи, на табелата има пет поени повеќе од Фенербахче.