Спорт
Кома повторно лидер кај моторциклистите
Актуелниот победник на релито Дакар, во конкуренција на моторциклисти, Шпанецот Марк Кома, победи на осмата етапа и се врати на лидерската позиција во генералниот пласман.
Актуелниот победник на релито Дакар, во конкуренција на моторциклисти, Шпанецот Марк Кома, победи на осмата етапа и се врати на лидерската позиција во генералниот пласман. Кома на етапата долга 722 километри од Копијат до Антофагаста, од кои 477 километри се возеа во рамки на специјалот, победи со време од 5:03.52 часа. Кома, кој во осмата етапа влезе со застанување од осум минути во однос на Сирил Деспре, на првото место се врати поради неволјите кои ги имаше францускиот возач. Деспре, шампион на Дакар од 2010 година, заедно со уште неколку мина возачи заглави во кал и на целта стигна со девет минути послабо време од она кое го постигна Кома. Успешниот ден за Шпанија, на релито Дакар, го комплетира Нани Рома кој победи во конкуренција на автомобилистите. Рома на целта стигна со време од 4:25.44 часа, што беше за пет секунди побрзо од Американецот Роби Гордон. Лидер во генералниот пласман е Стефан Петерхансел, кој има повеќе од седум минути предност во однос на Гордон. Деветтата етапа на релито ќе биде долга 565 километри, а ќе се вози од Антофагаста до Икуику. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.