Спорт
Ракомет:Шведска и Чешка со порази патуваат на Еуро 2012
Противниците на Македонија, во Б групата, на Европското првенство во ракомет, Шведска и Чешка, загубија во последните контролни средби, пред почетокот на шампионатот.
Противниците на Македонија, во Б групата, на Европското првенство во ракомет, Шведска и Чешка, загубија во последните контролни средби, пред почетокот на шампионатот. Првиот противник на Македонија на Еуро 2012, Шведска, со која „црвено-жолтите“ ќе играат на 15. јануари, на домашен терен, во Малме, загуби од Русија со 26:27. Најефикасни во репрезентацијата на „Трите круни“ беа Никлас Екберг со осум и Ким Егдал да Риц со четири погодоци. Чесите, од друга страна се поразени од домаќинот на Еуро 2012, Србија со 26:21. Голманот на Металург, Дарко Станиќ, бил нерешлива енигма за чешките ракометари, Станиќ имал 17 успешни одбрани. Голгетерски во репрезентацијата на чешка се истакнале: Јиха, Мотол, Хорак и Филип со по три погодоци. Чешка ќе и биде противник на Македонија, во последниот натпревар во Б групата, на 19. јануари. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салфетката на Меси на аукција достигна цена од 300.000 евра
Започна наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише договор со тогаш 13-годишниот Лионел Меси. Првите понуди достигнаа речиси 300.000 долари.
Договорот на салфетката е потпишан во декември 2000 година кога Карлес Рексач, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со менаџерот Хорасио Гаџиоли, клубот да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар играч и стрелец во клупската историја.
Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (околу 280.000 евра) набргу по отворањето на аукцијата, објави веб-страницата на аукционерот.
„Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.
Меси и помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови.
Лионел Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами.
Онлајн продажбата завршува на 17 мај.
Спорт
Каталес херој – Фенербахче избори место на завршниот турнир
Кошаркарите на Фенербахче обезбедија пласман на фајналфорот во Евролигата, тие го победија Монако во мајсторката од четвртфиналната, по едно продолжение со 80:79. Во регуларниот дел натпреварот заврши 70:70.
Фенербахче и первата екипа во историјата на Евролигата која успеала да го добие петтиот меч на гостински терен. Претходните 19 мајсторки завршувале со победи на домаќините.
Натпреварот во Монако беше исклучително израмнет и драматичен. Во регуларниот дел Вилбекин погоди тројка на влез во последната минута и му донесе на Фенер предност од четири поени, одговори Окобо со четири коша, но истиот играч не успеа со звукот на победа да погоди тројка за победа.
Во продолженијата херој на фенербахче стана Ник Калатес. Гркот кој погоди две тројки, втората на 18 секунди до крајот с која му донесе победа на Феенрбахче.
Калатес и Вилбекин беа најефикасни кај фенербахче со по 14 поени, Биберовиќ постигна 13, а Гудуриќ 10. Кај Монако најефикасен беше Мајк Џејмс со 20 поени, Мотејунас забележа 16 поени и седум скока, а Окоо постигна 15 поени.
Фенербахче во полуфиналето на завршниот турнир во Берлин, на 24.мај ќе игра против Панатинаикос.
Спорт
(Видео) Фиорентина од „белата точка“ до финалето во Конференциската лига
Фиорентина се пласира во финалето на Конференциската лига, откако вечерва во Бриж, против домаќинот одигра 1.1.„Виола“ првиот натпревар го доби со 3.2. Тимот на Винченцо Италијано го повтори успехот од минатата сезона, кога исто така се бореше за трофејот, но не успеа да го освои. Во финалето загуби од Вест Хем со 1:2.
Бриж ја анулира предноста на Фиорентина во 20.минута, кога Де Кујпер го совлада одличниот Терачано.
Куаме потоа ја погоди гредата, а во втроиот дел Бираги од слободен удар ја погоди гредата, а Куаме стативата.
На крајот човекот кој погоди во 92.минута, во првиот меч, Нзонзи избори пенал во 83.минута. Сигурен реализатор беше Белтран.
Противникот во финалето Фиорентина ќе го дознае утре, по реваншот Олимпијакос-Астон Вила. Олимпијакос го доби првиот меч во Бирмингем со 4:2.