Спорт
Милан го одржа чекорот со Јуве
Актуелниот фудбалски шампион на Италија, во 19-ти коло од националниот шампионат ја совлада на гости Новара со 3:0, доаѓајќи на бод разлика од водечкиот Јувентус кој во саботата навечер исто така на гости ја совлада Аталанта со 2:0.
Актуелниот фудбалски шампион на Италија, во 19-ти коло од националниот шампионат ја совлада на гости Новара со 3:0, доаѓајќи на бод разлика од водечкиот Јувентус кој во саботата навечер исто така на гости ја совлада Аталанта со 2:0.Милан дојде до победа во натпреварот со аутсајдерот Новара со трите гола постигнати во второто полувреме. Стрелци беа Златан Ибрахимовиќ во 57 и 90, и Робињо во 73 минута. Со овие три бода„росонерите“ останаа на втората позиција со 40 бодови, зад Јувентус кој има бод повеќе. Новара, пак, потона на последното место од Серија А со 12 бодови и по една година во најсилното друштво најверојатно отсега веќе може да се смета за сигурен патник во Серија Б.Еден од најефикасните натпревари оваа сезона во италијанскиот шамионат беше одигран на стадионот „Ренцо Барбера“ каде што домашниот Палермо ја совлада Џенова со 5:3. Иако гостите поведоа во 19 минута преку Родриго Паласио кој беше стрелец и во 59 минута од пенал (за 3:2), Палермо направи пресврт преку Игор Будан во 26, Матиас Салваторе во 37, Андреа Мантовани во 42, Фабрицио Миколи во 75 и Џулио Милачо во 84 минута, а гостите постигнаа уште еден гол преку Бошко Јанковиќ во 89 минута. Палермо така ја мина Џенова на табелата, сега е 8-мо место со 24 бодови, а со истите бодови Џенова е на 10-то место. Удинезе осигура сигурна победа против Катанија со 2:1, иако резултатот не го покажува тоа . Стрелци беа Армеро во 20 и Динатале во 53 минута за домашните, додека гостите од пенал во петтата минута од судискот продолжување преку Лоди се изборија за чесен пораз. Удинезе е трето со 38 бодови, Катанија, пак, е 14-та со 22 бода.Наполи успеа преку македонскиот репрезентативец Горан Пандев да остане непоразен кај Сиена (1:1 во 86-та минута), останувајќи на 7-то место со 29 поени.Без победник, но и без голови завршија и натпреварите Болоња- Парма и Каљари –Фиорентина. Каљари е 11-то со 23 бода, Парма е 12-та со 23 бода, Фиорентина е 13-та со 22 бода, додека Болоња е на 16-та со 20 бодови.Лече и Киво, исто така, одиграа без победник но постигнаа по два гола, и тоа откако гостите од Верона имаа два гола предност. Стрелци за домаќините беа Еспозито во 30 и Димекиле кој спаси бод во третата минута од судискот надополнување, додека за гостите головите ги постигна Палоши во 3 и 24 минута. Лече остана на претпоследната 19-та позиција со само 13 бодови, а Киево е 9-то со 24 бодови.Во Серија А останува да се доигра дерби мечот од недела навечер меѓу Интер и Лацио. Во саботата покрај Аталанта – Јувенутс (2:2) се одигра и натпреварот во кој Рома со 5:1 ја совлада Чезена. Римската „волчица“ дојде до 6-то место со 30 бодови, додека Чезена останува на 18-то место со 15 бодови во групата екипи коишто најтешко ќе го изборат опстанокот во лигата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.