Спорт
Никси против Шарлот ја прекинаа губитничката серија
Кошаркарите на Њујорк, со победата на Шарлот, ставија крај на серијата од шест порази, „Никси“ го декласираа противникот, победувајќи со 111:78.
Кошаркарите на Њујорк, со победата на Шарлот, ставија крај на серијата од шест порази, „Никси“ го декласираа противникот, победувајќи со 111:78. Брилијантно, во победата на Њујорк одигра Тајсон Чендлер кој заврши со 20 поени и 17 скока, центарот на „Никс“ имаше само едно промашување од игра (9-10). На овој натпревар целосно потфрли најдобриот стрелец на Њујорк Кармело Ентони, кој постигна само еден поен. Мајами без Двејн Вејд забележа нова победа, оваа е петтата победа на „жешките“ во шестиот меч кој го играат без стартниот плејмејкер. Мајами го победи Кливленд со 92:85, во натпревар, во кој Крис Бош го предводеше тимот со 35 поени, додека Леброн Џејмс уфрли 18 кошеви. Орландо, по катастрофалниот пораз од Њујорк, забележа победа над Индијана со 83:102. Рајан Андерсон со 24 поени беше најефикасен кај Орландо, додека Хиберт со 16 поени и 11 скока ја предводеше Индијана. Торонто победи како гостин во Феникс со 96:99, пред се благодарение на маестралната партија на Андреа Барнањи кој постигна 36 поени. Портланд до 11-та победа во сезоната стигна на натпреварот со Мемфис. Ламаркус Олдриџ со 23 поени и Маркус Кемби со 13 поени и 22 скока беа најзаслужни за победата на Портланд од 97:84. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.