Контакт

Спорт

Ливепруп преку Сити во финалето на Лига купот

Објавено пред

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на англискиот Лига куп, откако на својот „Ејнфилд“ одиграа 2:2 со Манчестер сити, зачувувајќи ја предноста од 1:0 постигната на првиот меч од Манчестер.

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на англискиот Лига куп, откако на својот „Ејнфилд“ одиграа 2:2 со Манчестер сити, зачувувајќи ја предноста од 1:0 постигната на првиот меч од Манчестер.Манчестер сити двапати беше во водство со головите на Најџел де Јонг во 27 и Един Џеко во 67 минута, но Ливерпул се спаси преку Стивен Жерард од пенал во 40 и Крег Белами во 74 минута.Ливерпулските „редси“ на 26-ти февруари на лондонскиот фудбалски храм „Вембли“ ќе игра во финалето против  второлигашот Кардиф сити.Ливерпул досега седум пати го освојувал Лига купот, а последен пат во 2003 година. Мечот со Кардиф сити, истовремено ќе биде можност Ливерпул да го прекина постот кој трае шест години во кои не е освоен ниеден торфеј, по освојувањето на ФА Купот во 2006 година./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ФИА го забрани „квалификацискиот мод“, најголема жртва се Мерцедес

Објавено пред

Од Белгиското ГП во Спа, Формула 1 тимовите нема да можат да го користат таканаречениот „квалификациски мод“ на моторите на своите болиди, одлучи ФИА.

Досега, болидите имаа различни сетинзи на моторите за квалификациите и тркањето, но федерацијата реши дека нема да се користи поинакво подесување на болидот за да се добие максимална брзина за еден круг.

Целта на одлуката на ФИА е да се има поинтересно тркање, бидејќи досега беше јасно дека Мерцедес можат да направат многу поголем скок во перформансите на квалификациите во споредба со ривалите, така што е јасно дека правилото е насочено против шесткратните шампиони. Од трката во Спа, тимовите нема да можат да ги допрат своите болиди помеѓу квалификациите и трката, ниту да прават модификации на моторите.

Останува да се види како ќе влијае ова на болидите со мотори на Мерцедес, а се очекува покрај фабричкиот шампионски тим драстично намалени перформанси во квалификациите да имаат Рејсинг поинт и Вилијамс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Арсенал го потврдија Вилијан, Бразилецот со плата од 220.000 фунти неделно!

Објавено пред

Арсенал, конечно, потврдија дека го добиле потписот на бразилскиот ветеран на Челси, Вилијан со фантастичен договор на три години со неделна плата од 220.000 фунти, а менаџерот Микел Артета вели дека се работи за фудбалер кој може да биде клучен за „топчиите“.

Пристигнувањето на 32-годишниот Бразилец беше потврдено од Арсенал, кои му го доделуваат дресот со бројот 12 на фудбалерот чиј договор со Челси заврши ова лето. Иако неговата плата е помала од таа што ја заработуваше кај „сините“, сумата налути дел од навивачите на Арсенал посебно бидејќи клубот претходно објави дека отпушта 55 луѓе од тимот поради корона кризата.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд бриџ“ и Артета е воодушевен што го доби ова лето.

„Го следевме последните неколку месеци и сметавме дека тој е човек кој може да ни го засили средниот ред, фудбалер со голема еластичност кој може да игра три-четири различни позиции. Има огромно искуство и огромна амбиција“, вели Артета.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дејвис порасна со Меси како идол, сега вечерва ќе мора да го сопре!

Објавено пред

Талентираниот канадски бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис проговори за својот „омилен фудбалер“ Лионел Меси, кого го гледал додека растел, и како вечерва ќе мора да го чува Аргентинецот во четврт-финалето на ЛШ.

19-годишниот Дејвис, кој имаше фантастична сезона и 40 настапи за Баерн, во кои оваа сезона ниту еден противнички фудбалер не успеа да го издрибла, во интервју за УЕФА зборуваше за своето детство, во кое прв идол му беше токму Меси.

„Одев на фудбалска академија, така што секоја среда или четврток, околу 12 часот по канадско време, гледавме мечеви од Лигата на шампиони. Сите сонувавме да играме во Лигата на шампионите, а сега ќе играм против мојот омилен фудбалер на планетата, Лионел Меси. Искрено, немам зборови да го опишам чувството. Се слушнав со мајка ми вчера и татко ми се уфрли со зборовите: ’Ќе играш против Меси, гледам?’. И потоа почна да се смее на телефон, бидејќи знае колку го сакав“, вели Дејвис.

Притисокот на тинејџерот е зголемен откако генералниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге кратко изјави дека „Дејвис ќе се погрижи за Меси“, но како вистински професионалец, тој вели дека е подготвен.

„Ќе ја играм мојата игра, нема да сменам ништо и се надевам дека ќе го дадам максимумот. Сите знаеме дека е голем фудбалер и тоа нема да го одземеме од него. Возбуден сум што ќе играм и подготвен сум“, вели Дејвис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Србија воведе задолжителен ПЦР тест за македонските граѓани

Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа,...

Топ1 час

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија1 час

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ2 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија3 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија3 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет4 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет7 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет16 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет16 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа17 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија19 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија21 час

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија23 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија23 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие