Спорт
Ракометниот сојуз на Хрватска им порачува на фановите да не одат во Србија
Ракометниот сојуз на Хрватска им порача на своите навивачи да не патуваат на завршница на Европското првенство, чиј домаќин е Србија.
Ракометниот сојуз на Хрватска им порача на своите навивачи да не патуваат на завршница на Европското првенство, чиј домаќин е Србија. „Се обидуваме да сториме сè што е во наша моќ, но во вакви ситуации организаторот е немоќен. Би требале да донесат 50.000 полицајци за сè да помине како што треба. Мораме да се прилагодиме на оваа тешка ситуација“, рече потпретседателот на Ракометниот сојуз на Хрватска, Зоран Голац. „Единствено што можеме да им препорачаме на навивачите е да не доаѓаат во Србија, бидејќи сметаме дека тоа е најпаметно“, дополни Голац. Хрватската државна телевизија јави дека одделни туристички агенции ги откажале аранжманите за Белград, информацијата ја потврди и претседателот на Сојузот, Санди Шола. Група на хулигани, во вторникот навечер, по мечот со Франција, во Нови Сад и Рума, ги нападна конвоите на возила со хрватските навивачи. Српската полиција по нападот уапси 12 лица кои се осомничени дека ги организирале нападите. Дека нема да има организирано пристигнување на хрватските навивачи во Белград, потврди и првиот човек на Ракометниот сојуз на Србија, Велимир Марјановиќ, според него навивачите од Хрватска ќе пристигнуваат во помали групи. Србија и Хрватска, утревечер од 20:15 часот, ќе играат во полуфиналето на Европското првенство, претходно во првото полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Данска. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

