Спорт
Надал преку Федерер до финалето на АО
Рафаел Надал е првиот финалист на Отвореното првенство на Австралија во тенис, кое се игра на терените на Мелбурн Парк.
Рафаел Надал е првиот финалист на Отвореното првенство на Австралија во тенис, кое се игра на терените на Мелбурн Парк. Шпанецот, кој на турнирот е поставен за втор носител, во првото полуфинале, по голема борба која траеше 4 часа и 11 минути, забележа победа над Роџер Федерер од 3:1 (6:7, 6:2, 7:6, 6:4). Првиот сет во Мелбурн донесе голема борба на големите ривали, Федерер прв му го одзеде сервисот на противникот и поведе со 3:0, но Надал брзо се врати во игра, возврати со иста мерка, по што првиот сет замина во тај-брејк, кој Федерер го доби со 7:5 за предност од 1:0. Надал експлодираше во вториот сет кога при резултатот 2:2 освои четири последовни гема, што му беше доволно да го израмни резултатот. Шпанецот во третиот сет прв му го одзеде сервисот на противникот поведе со 4:3, но Федерер бргу се врати во игра, што беше доволно за втор тај-брејк во мечот, него со 7:5 го доби Надал, искористувајќи ја шестата сет топка. Четвртиот сет, не донесе брејк се до деветиот гем кога Надал му го одзеде сервисот на Федерер, а потоа на свој сервис не ја пропушти шансата за пласман во големото финале. Рафа Надал минатата година во Мелбурн беше елиминиран во четвртфиналето, додека Федерер загуби во финалето од Ѓоковиќ. Денешната пресметка, беше 27-ма, на двајцата великани на светскиот тенис, Надал ја забележа 18-та победа. Противник на шпанскиот тенисер во големото финале ќе му биде подобриот од мечот помеѓу бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, мечот се игра утре во 9:30 часот, по средно европско време. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

