Спорт
Хрватските навивачи тргнаа кон Србија
Хрватски навивачи, припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, со полициска придружба тргнале од Загреб кон Белград, каде вечерва ќе се одигра полуфиналниот дуел на Еуро 2012, помеѓу ракометните репрезентации на Србија и Хрватска.
Хрватски навивачи, припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, со полициска придружба тргнале од Загреб кон Белград, каде вечерва ќе се одигра полуфиналниот дуел на Еуро 2012, помеѓу ракометните репрезентации на Србија и Хрватска. Според хрватските медиуми, се работи за група од околу 300 навивачи, а истите извори пренесуваат дека кон Белград се упатиле и навивачи од Сплит, од навивачката група „Торцида“. Најавите се дека откако навивачите ќе ја минат границата со Србија, дел од хрватската полиција ќе остане со нив, а тие дополнително ќе добијат придружба од српската полиција. Во меѓувреме, медиумите пренесуваат дека во Белград биле приведени водачите на сите навивачки групи, кои во притвор ќе бидат задржани до крајот на натпреварот. Српските медиуми јавија дека навивачките групи на Црвена звезда и Партизан планирале да се обединат со цел да ги нападнат хрватските навивачи, чија бројка во Белград би требало да биде околу 1.500. Истите извори пренесуваат дека нападите би требало да се случат во близина на Белградската Арена, како и на бензинските пумпи во околината на градот. Натпреварот помеѓу Србија и Хрватска ќе започне во 20:15 часот, поради ризикот кој тој го носи капацитетот на Белградската Арена е намален за 5.000 места. За безбедноста ќе се грижат 5.000 полицајци, кои веќе започнале да ги контролираат сомнителните лица кои ќе ги затекнат во близина на Белградската Арена. Инаку, навивачите кои ќе бидат под дејство на алкохол нема да можат да влезат во Арената, каде нема да бидат дозволени транспаренти и шалови, туку само знамињата на Србија и Хрватска. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

