Спорт
Вејд се врати, Мајами го победи Њујорк
Речиси совршена ноќ за домашните екипи во НБА лигата, тимовите кои играа на свој паркет забележаа победи на 10 од 13-те одиграни натпревари.
Речиси совршена ноќ за домашните екипи во НБА лигата, тимовите кои играа на свој паркет забележаа победи на 10 од 13-те одиграни натпревари. Окалхома, предводена од својот најдобар играч Кевин Дурент, во Оукленд со 120:109 го совлада Голден Стејт. Дурент мечот го заврши со 37 поени и 14 скока, поддршка доби од Расел Вестбрук (28 поени и 11 асистенции), Серж Ибака (20 поени и 11 скока) и Џејмс Харден (19 поени). Оклахома, во моментов го има најдбриот резултат во лигата 16 победи и три порази. Победи на гости забележаа Атланта во Детроит 107:101 и Њу Џерси во Кливленд 96:91. Мајами со победа над Њујорк од 99:89 му посака добредојде на Двејн Вејд, кој се врати на теренот по паузата поради повреда. Вејд мечот го заврши со 28 поени, додека најефикасен кај екипата од Флорида беше Леброн Џејмс со 31 поен. Дерик Роуз постигна 34 поени, а Карлос Бузер имаше ефект од 20 поени и 13 скока во победата на Чикаго над Милвоки од 107:100. Милвоки го предводеа Брендон Џенингс со 25 и Дру Гуден со 23 поени. Орландо одигра уште еден лош натпревар, во Њу Орлеанс „Магичните“ постигнаа само 67 поени, а примија 93. Само Двајт Хауард кај Орландо имаше двоцифрен број на поени, 28. Карл Лендри со 17 и Марко Белинели со 15 поени беа најпрецизни во екипата на Њу Орлеанс. На останатите натпревари:Филаделфија-Шарлот 89:72Бостон-Индијана 94:87Хјустон-Вашингтон 103:76Минесота-Сан Антонио 87:79Далас-Јута 116-101Денвер-Торонто 96:81Портланд-Феникс 109:71. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

