Спорт
Азаренка ја прегази Шарапова во финалето на АО
Белоруската тенисерка Викторија Азаренка победи на првиот Грен слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Азаренка, во финалето, убедливо за 82 минути, ја совлада Марија Шарапова со 2:0 (6:3, 6:0).
Белоруската тенисерка Викторија Азаренка победи на првиот Грен слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Азаренка, во финалето, убедливо за 82 минути, ја совлада Марија Шарапова со 2:0 (6:3, 6:0). За Азаренка ова е прва титула од Грен слем турнирите, додека Шарапова остана четири, Русинката последната Грен слем титула ја освои во 2008 година. Покрај титулата Азаренка го заработи и првото место на ВТА листата, таа од утре и официјално ќе биде број 1 во женскиот тенис. Во првиот сет беа видени три брејка, од кои два на самиот почеток на мечот, а потоа Азаренка доби шест од преостанатите седума гема, со што го реши првиот сет ос 6:3. Белорусинката во вториот сет доплнително го засили ритамот, погодуваше буквално се‘, не дозволувајќи и на Шарапова да освои ниту еден поен. Пресудни за победата на Азаренка беше бројот на неизнудени грешки, таа направи 14, а нејзината противничка речиси двојно повеќе, вкупно 30. Двете тенисерки имаа по 14 директни поени, Азаренка имаше 4, а Шарапова 3 двојни сервис грешки. Азаренка освои 5 од 7 брејк шанси, наспроти Шарапова која од четирите можности само еднаш и го одзеде сервисот на противничката. Новата шампионка на АО, доминираше и во сервисот, освои 68% од поените на својот прв сервис, наспорти 53% колку што освои Шарапова. Многу поебедлив е односот на освоени поени на втор сервис, Азаренка освои 53%, наспорти скромните 18% на Шарапова. Грен слем финалето во Мелбурн беше седма пресметка на Азаренка и Шарапова, Белорусинката води се 4:3. Азаренка победи во трите финални мечеви во кои противничка и била Шарапова. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионот падна во Минеаполис – Минесота ја победи Оклахома
Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата.
Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота.
Актуелниот МВП го заврши натпреварот со 35 поени. Канаѓанецот немаше доволна од соиграчите, пред се од вториот најдобар играч во тимот, Џејлен Вилијамс кој постигна 17 поени, па затоа е јасно во што лежи клучот за поразот на лидерот на Западот.
Од друга страна, Ентони Едвардс, со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока со три асистенции, беше најрасположен кај домаќините, кои и трет пат од почетокот на годината, како домаќини ја победија Оклахома.
Резултати:
Бостон – Мајами 129:116
Њујорк – Филаделфија 107:116
Атланта – Сан Антонио 98:126
Кливленд – Чикаго 125:136
Минесота – Оклахома Сити 112:107
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.

