Спорт
Торус во дербито подобар од Фени
Предводени од одличниот Џастин Рејнолдс кошаркарите на Торус СЦБТ, во дербито на 17-то коло го совладаа Фени Индустри со 77:72.
Предводени од одличниот Џастин Рејнолдс кошаркарите на Торус СЦБТ, во дербито на 17-то коло го совладаа Фени Индустри со 77:72. Торус СЦБТ добро го почна мечот, Горјан Марковски и Џеремаја Босвел додаваа, Џастин Рејнолдс реализираше и домаќинот поведе со 11-2. И во продолжението, Торус СЦБТ инсистираше во нападот преку расположениот Рејнолдс, но со влегувањето во игра на Џарид Фрај, Фени Индустри ја зацврсти одбраната и почна да делува многу поконкретно во нападот. Гостинот од Кавадарци направи пресврт и креираше едноцифрена предност која добро ја одржуваше до крајот на третата четвртина, сепак, со шесте поени по ред (Босвел, Рејнодлс и Блажевски), на осум минути до крајот, Торус се врати во водство (56-55). Доста се грешеше и на двете страни во неизвесната завршница, но играчите на Торус СЦБТ беа подобро реализаторски расположени и го зачуваа водството за важен триумф од 77-72.Џастин Рејнолдс со 24 поени и 10 скокови беше најдобар играч на теренот, а двоцифрени кај Торус СЦБТ беа и Џеремаја Босвел, Керон Бредли и Бојан Трајковски. Кај Фени, Џарид Фрај заврши со дабл-дабл (13 поени, 10 скокови), Душан Кнежевиќ одигра добро второ полувреме кое го заврши со 17 поени без промашување од поле.И покрај поразот, Фени Индустри останува на врвот на табелата со бод повеќе од второпласираниот МЗТ Скопје Аеродром, додека Торус СЦБТ се зацврсти на третата позиција, сега со само два бода заостанување зад лидерот на табелата. Во последното коло од првиот дел на сезоната, Торус СЦБТ игра уште едно дерби, на гости кај МЗТ Скопје Аеродром, додека Фени Индустри ја пречекува Лирија во Кавадарци.Во вториот денешен дуел Куманово ја демолира Струмица победувајќи ја со 126:64, утре колото ќе биде комплетирано со одигрување на натпреварот помеѓу Кожув и Вардар. крај/basketball.org.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.