Контакт

Спорт

По кои стандарди ЕХФ ги избира најдобрите?

Објавено пред

Штотуку завршеното Европско првенство во ракомет, кое на Македонија и донесе толку многу причини за здоволство и радост, отвори неколку прашања, на кои веројатно нема да се добијат одговори.

dobivaj vesti na viber

Штотуку завршеното Европско првенство во ракомет, кое на Македонија и донесе толку многу причини за здоволство и радост, отвори неколку прашања, на кои веројатно нема да се добијат одговори. Прашањата не се околу ракометната игра, но факт е дека ова беше најизрамнетото континетално првенство досега, кое понуди многу натпревари, кои се решаваа во последните минути, или секунди. Добрите познавачи на овој спорт можеби ќе дополнат, дека, доколку првенството се играше во друга земја, тогаш тешко дека Србија ќе стигнеше до медал. Евидентно беше дека Србија игра ракомет од некои минати времиња, со безидеен напад, кој судиите толку многу го толерираа, и со гранитна 6-0 зона, предводена од голманот на првенството Дарко Станиќ. Но она што загрижува се критериумите на Европската ракометна федерација (ЕХФ), односно начинот на кој се избираат најдобрите. Тука македонските навивачи и јавноста се најмногу погодени, жално е Кире Лазаров, кој заврши како најдобар стрелец на првенството да не се најде во идеалната постава на шампионатот. Местото десен бек му е доделено на Марко Копљар, за кого ниту медиумите во Хрватска не се сигурни дека го заслужил тоа. Вистина е дека Копљар на две средби одигра на високо ниво, во победата на Хрватска над Франција и поразот на „коцкестите“ од Србија. Но, господа од ЕХФ, Кире Лазаров, со просек од 8,7 гола по натпревар, ја носеше Македонија до петтото место. Ракометните вљубеници дури се надеваа дека Кире може да ја понесе титулата МВП на Еуро 2012. Слична неправда на нашиот капитен му беше нанесена и на СП во 2009, тогаш стана рекордер на Мундијалите со 92 постигнати гола, но тоа не беше доволно да биде прогласен за најкорисен играч. Дека во ЕХФ имаат двојни стандарди зборува и фактот дека Чехот, Филип Јиха, во Австрија 2010 година, ја освои оваа престижна награда иако Чешка беше само осма на првенството. Чудна е и одлуката на ЕХФ, играчот кој ја понесе титулата МВП, Србинот Момир Илиќ, да не се најде во идеалниот тим.Логично е прашањето, ако најдобриот стрелец и најдобриот играч немаат место во идеалниот тим, може ли воопшто да се зборува за такво нешто. Дискутабилен е и изборот на Гудјор Валур (Исланд), за најдобро лево крило, како и изборот на Рене Тофт Хансен (Данска) за најдобар пивот.Имаат ли бирократите од ЕХФ двојни стандарди или не, тоа тие нема никогаш да го откријат, но треба да им биде јасна една работа, со нивните награди или не Кире Лазаров, како рекордер според бројот на постигнати голови на едно европско и едно светско првенство, го запиша своето име меѓу великаните на овој спорт, како еден од најдобрите десни бекови на сите времиња. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Неверојатниот Клебо победи во спринтот

Објавено пред

Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.

dobivaj vesti na viber

Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.

Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.

Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.

Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот

Објавено пред

Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.

dobivaj vesti na viber

Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.

Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал најде засилување во Тотенхем

Објавено пред

Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.

dobivaj vesti na viber

Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.

Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.

Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.

Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија3 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија5 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија5 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија6 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија6 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет7 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија8 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија8 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија9 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет9 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет10 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет10 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет11 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа11 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет11 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет11 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...