Спорт
Илиевски пред трансфер во Локомотив Кубан
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, се наоѓа пред потпис на договорот со Локомотив Кубан, екипа во која настапува Џеремаја Мејси.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, се наоѓа пред потпис на договорот со Локомотив Кубан, екипа во која настапува Џеремаја Мејси. Илиевски, незадоволен од малата минутажа, која ја ја добиваше во изминатиот месец, се реши да го напушти Анадолу Ефес. Името на Илиевски веќе го нема ниту на официјалната страна на турскиот клуб. Локомотив Кубан, кој во рускиот шампионат се наоѓа на четвртото место на табелата, со скор од 5 победи и 4 порази. Екипата која од клупата ја предводи трофејниот српски тренер, инаку актуелен селектор на Словенија, Божидар Маљковиќ, се натпреварува и во Топ 16 фазата во Еврокупот. Илиевски годинава одигра 11 лигашки натпревари и 10 средби во Евролигата за Анадолу Ефес, забележувајќи по околу 4 поени и 2,5 асистенции во просек. Репрезентативниот плејмејкер е еден од ретките кошаркари со преку 150 натпревари во Евролигата. Доколку овој трансфер се реализира, Локомотив Кубан би бил 10-от клуб во кариерата на Илиевски, по Партизан, Анталија, Унион Олимпија, Барселона, Лотоматика Рома, Болоња, Монтепаски, Тау Керамика и Анадолу Ефес. крај/мф/basketball.org.mk/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во интервју за „Мундо Депортиво“ не можеше да одлучи кој е неговиот поголем ривал, Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер.
Надал има 24-16 против Федерер, а 29-31 против Ѓоковиќ. Кој е најголемиот ривал?
„Би рекол Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, тешко е да се избере. Мојата кариера е врзана за нив двајца, тројцата се туркавме да бидеме подобри. Вистина е дека еден на друг многу си „одземавме”, но фер е да се каже дека некој немаше да ги постигне „тие бројки без другите двајца“, вели Рафа и додава:
„Се туркавме до крајни граници во секоја смисла. Физички овани нанесе голема штета, но на тениско и ментално ниво не однесе на ново ниво и затоа успеавме да имаме долги кариери.
За потсетување, Надал ја заврши професионалната кариера во ноември минатата година.
Спорт
(Видео) Мекгрегор не трпи провокации: поради повикот „Напред, Хабиб“, плукна човек
Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор се уште не може да го преболи понижувачкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов.
И покрај тоа што нивната борба беше пред шест години, Мекгрегор сè уште е фрустриран од секое спомнување на борецот од руската република Дагестан.
На социјалните мрежи кружи нов срамен чин на некогаш најпопуларниот УФЦ борец во светот.
На видеото се гледа како Мекгрегор плука во лице на непознат маж кој го испровоцирал Ирецот со едноставно извикување: „Напред, Хабиб!“
Откако го слушнал повикот, Мекгрегор налутено се свртел, а потоа му пришол на насмеаниот човек и го плукнал во лице.
„Те плукнав во лице и што направи? Ништо“, му рекол Мекгрегор бидејќи неговиот порстаклук не предизвикал реакција од другата страна.
Поради ооа Ирецот може повторно да има проблем со законот, како што наведуваат некои американски извори наведуваат дека плукањето в лица се класифицира како насилничко однесување и напад.
Conor McGregor spit in this guys face after he yelled “Let’s go Khabib” 😬
“I spit in your face, what you do? Nothing.”#UFC #MMApic.twitter.com/eDSV3FwHL2
— Championship Rounds (@ChampRDS) February 3, 2025
Инаку, Мекгрегор секоја недела прави се повеќе испади, а неодамна жестоко го навреди Нурмагомедов и неговиот тим.
Тој потоа се сврте против сонародникот Пол Хјуз затоа што по мечот покажа почит кон Усман Нурмагомедов.
Иревот никогаш не се опорави од споменатиот пораз во една од најголемите УФЦ борби во историјата.
Тој се врати во октагонот по двегодишна пауза и го победи Доналд Сероне, но потоа претрпе два порази од Дастин Поаире.
Во кариерата на 28 меча има 22 победи (19 со нокаут) и шест порази (два со нокаут).
Мекгрегор неодамна беше осуден за сексуален напад, поради што го напуштија бројни спонзори.
The UFC just dropped extended cage audio and Khabib truly HATED Conor McGregor… pic.twitter.com/t5kbHzQXvo
— internet hall of fame (@InternetH0F) January 28, 2025
Спорт
Тел сепак заврши во Тотенхем
Францускиот фудбалер Матис Тел, во последните минути од преодниот рок му се приклучи на Тотенхем на позајмица.
Планот на Тотенхем беше веднаш да го откупи неговиот договор, но Баерн инсиситирал на позајмица до крајот на сезоната.
Тотенхем за шест месеци ќе може да го купи Тел за 60 милиони евра.
Тел е член на клубот од Минхен од летото 2022 година, кога пристигна од Рен за 20 милиони евра.
Не играше многу оваа сезона, само 14 натпревари, најчесто како резерва.
Вкупно за Баерн одигра 83 натпревари, постигна 16 гола и забележа седум асистенции.