Спорт
НБА: Победи на Лејкерси, Њу Јорк, Атланта, Мемфис, Бостон
На седумте натпревари кои се одиграа во НБА лигата, победи на гостински терен забележаа Атланта и Бостон.
На седумте натпревари кои се одиграа во НБА лигата, победи на гостински терен забележаа Атланта и Бостон. Атланта во Торонто ја забележа 16-та победа во 22-от натпревар сезонава. Во победата од 77:100 најефикасни кај Атланта беа Џо Џонсон со 30 и ветеранот Трејси Мекгрејди со 15 поени. Бостон победи во Кливленд 93:90, со што Селтикс стигнаа до 50% успешност, на 20 одиграни натпревари тие имаат 10 победи. Пол Пирс во отсуство на Реј Ален и Режон Рондо со 20 поени беше најефикасен во тимот. Индијана продолжува со добрите игри, последна жртва на Пејсерси беа Њу Џерси Нетс. Тимот од Индијанаполис победи со 106:99, Пол Џорџ со 24 поени беше најпрецизен кај Индијана, додека Дерон Вилијамс со 34 поени и 7 асистенции го предводеше Њу Џерси. Мемфис, во најнеизвесниот меч, по продолжението го победи Денвер со 100:97. Руди Гај и Марк Гасол имаа идентичен „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 13 скока, Данте Канингам постигна 18, а Тони Ален 17 поени за Гризлис, Денвер во поразот го предводеа играчите од клупата, Ал Херингтон со 23 и Андре Милер со 20 поени. Њу Јорк ја прекина серијата порази со победата над Детроит од 113:86, Кармело Ентони со 25 поени предводеше група од пет кошаркари кои постигнаа двоцифрен број на поени. Лејкерси без многу мака запишаа победа против Шарлот. Коби Брајант со 24 поени и Ендрју Бајнам со 20 поени и 11 скока ги предводеа „езерџиите“ до 13-та победа во 22-от натпревар сезонава. Голден Стејт во Оукленд тесно го порази Сакраменто со 93:90. Брендон Раш со 20 поени беше најефикасен кај победникот, каде уште Дејвид Ли и Дорел Рајт постигнаа по 15 кошеви. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

