Спорт
НБА: Порази на Мајами и Чикаго
Седум победи на тимовите кои играа на домашен паркет, на вкупно 11-те одиграни натпревари во НБА лигата. Порази запишаа двете водечки екипи во лигата Мајами и Чикаго.
Седум победи на тимовите кои играа на домашен паркет, на вкупно 11-те одиграни натпревари во НБА лигата. Порази запишаа двете водечки екипи во лигата Мајами и Чикаго. Леброн Џејмс постигна 40 поени, Двејн Вејд додаде уште 23, но тоа не го спречи поразот на Мајами во Милвоки со 105:97. Домашниот тим во победата го предводеше Брендон Џенингс со 31 поен, 4 скока и 8 асистенции. Чикаго загуби од одличниот тим на Филаделфија со 98:82. Си Џеј Вотсон со 20 поени и Дерик Роуз со 19 коша беа најефикасни во поразениот тим, додека победничката екипа со по 19 поени ја предводеа Андре Игудала и Тадеус Јанг. Оклахома, во дербито, во реприза на минатосезонското финале на Западот, го победи актуелниот првак Далас со 95:86. Оклахома до 17-та победа во сезоната ја предводеа Расел Вестбрук со 33 поени, 6 скока и 4 асистенции и Кевин Дурент со 23 поени и 13 скока. Џејсон Тери со 25 коша беше најефикасен кај актуелниот шампион. Бостон убедливо го порази Торонто со 100:64, Реј Ален и Брендон Бес со по 12 поени беа најефикасни кај Селтикси. Индијана, каде Дени Гренџер уфрли 36 поени, ја совлада Минесота со 109:99. На останатите натпревари:Орландо-Вашингтон 1019:103Њу Џерси-Детроит 99:96Њу Орлеанс-Феникс 86:95Сан Антонио-Хјустон 99:91Портланд-Шарлот 112:86Јута-ЛА Клиперс 105:107. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јокиќ го забележа 23. трипл-дабл во сезоната па проговори за Лука Дончиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен славеа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 125:112. Никола Јокиќ и Мајкл Портер Јуниор го предводеа тимот до 31.победа во 51. натпревар во сезоната.
Денвер ја запиша третата победа во низа, а Јокиќ го забележа 23. трипл-дабл во сезоната. Натпреварот го заврши со 27 поени (9/13 од поле, 10/11 слободни фрлања), 14 скока и 10 асистенции за 36 минути на теренот.
Вкупно, Јокиќ има 152 трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната, 170 вклучувајќи го и плеј-офот. Ова беше деветти трипл-дабл за Јокиќ во претходните 11 натпревари.
За разлика од некои претходни дуели, Јокиќ имаше добра поддршка од соиграчите на мечот против гостите од Луизијана. Мајкл Портер Јуниор постигна 36 поени (7/12 за три), што е негов рекорд во сезоната. Интересно, тренерот Мелоун по натпреварот зборуваше за гласините дека Портер може да го напушти Денвер и остро ги демантираше таквите шпекулации.
Џамал Мареј додаде 20 поени (7/17 од поле), заедно со 8 асистенции, а Џулијан Стротер придонесе со 15 поени.
Треј Марфи, на спротивната страна го одигра најдобриот меч во кариерата, постигна 41 поен, 21 кош постигна во првата четвртина. Брилијантно го следеше Си Џеј Меколум (10/22 од поле) со 30 поени, а Зион Вилијамсон имаше 14 поени.
Јокиќ очекувано на прес-конференција беше запрашан да го коментира шокантниот трејд со кој Лука Дончиќ го напушти Далас. Јокиќ и Дончиќ се добри пријатели…
„Му испратив порака. Тоа, се разбира, никој не го очекуваше. Мислам дека во моментов тој само треба да биде со своето семејство. Тоа е голема промена. Ова е дел од работата, не знам. Никој не го очекуваше тоа, особено не тој. Мислам дека никој не е безбеден во оваа лига, така изгледа. Но, мислам дека тој ќе заврши добра работа бидејќи е играч за големата сцена, иако мислев дека има нешто посебно во Далас. Изгледа дека така морало да биде“, изјави Никола Јокиќ.
Спорт
Бојан Димоски пред трансфер во Партизан
Фудбалскиот клуб Партизан би можел да потпише со македонскиот репрезентативец Бојан Димоски.
Левиот бек од рускиот клуб Акрон би можел да пристигне во Белград на позајмица, со опција за откуп од 200.000 евра.
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, пишува српски „Телеграф“.
Димоски е во Русија од летото 2023 година, а претходно играше една сезона во Вардар и три во Академија Пандев.
За репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 18 натпревари.
Спорт
Сестрата на исчезнатиот хрватски фудбалер: Шпанската полиција ниту еднаш не не’ исконтактира
Во шпанскиот град Аликанте, ноќта од петокот кон саботата исчезна младиот Хрват, Јаков Јелкиќ, кој живее во Зермат, Швајцарија.
Како што јавуваат хрватските и странските медиуми, 24-годишниот Јаков последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по што му исчезнала секаква трага.
Веста за неговото исчезнување стигнала во Хрватска преку неговата сестра Јања Јелкиќ.
„Шпанската полиција ниту еднаш не не’ исконтактира. Сите информации што ги имаме ни ги даде швајцарската полиција или ги дознавме од други“, изјави Јања за „Слободна Далмација“.
Таа вели дека меѓу соиграчите и пријателите на Јаков од клубот имало и млад човек вработен во швајцарската полиција, кој побарал од колегите да се јават кај семејството Јелкиќ и да ги известат родителите за исчезнувањето.
„Шпанците не беа загрижени кога неговите соиграчи го пријавија исчезнувањето“, изјави Јања за „Слободна Далмација“, додавајќи дека првично тоа го сметале за несериозна ситуација, верувајќи дека можеби отишол со девојка или продолжил да се забавува.
Целиот викенд добивала информација дека полицијата на терен нема пристап до сите потребни видео надзор, што многу ги загрижило бидејќи нивниот Јаков бил исчезнат повеќе од педесет часа.
Таткото на Јаков и неговата девојка Габриела, со која е во врска во последните седум години, се упатуваат кон Аликанте.
„На мајката и е најтешко, само гледа во еден момент и го повторува неговото име. Таткото и Габриела отпатуваа, а ние се обидуваме да дејствуваме како тим за да го најдеме што е можно поскоро. Не знаеме колку ќе потрае, но важно ни е дел од семејството да биде во Шпанија, а дел е во Швајцарија за да собереме што повеќе информации“, додаде таа.
Јаков беше во Шпанија на фудбалски турнир со својот швајцарски клуб. Инаку, тој игра за локален помал лигаш во Зермат, Швајцарија. Во петокот вечерта, по натпреварот, тој отишол во ноќниот клуб Упикум во Аликанте.
Јаков последен пат разговарал со родителите во петокот попладне и потврдил дека безбедно пристигнал во Шпанија.
„Стигнавме, се е во ред, хотелот е одличен“, им рекол тој. Истиот ден од банкомат подигнал 150 евра.
Во петокот вечерта Јаков и неговите соиграчи излегле во ноќен клуб во Аликанте. Вечерта ја изгубил јакната и се вратил внатре да ја бара. После тоа исчезна, пишува швајцарски „Блик“.
Последен пат соиграчите го виделе околу 2:30 часот кога го напуштил клубот. Околу еден час подоцна, надзорните камери го снимија во близина на хотелот. Потоа и ја испратил последната порака на својата девојка: „Добро сум“.
Неговата сестра Јања Јелкиќ изрази загриженост за снимката од безбедносните камери: „На видеото се гледа како брат ми се врти во погрешна насока. Можеби сакал да помогне некому“.