Спорт
Роуз и Чикаго го освоија „Медисон Сквер Гарден“
Шест натпревари се одиграа во НБА лигата, на кои две победи и тоа во дерби средбите, забележаа тимовите кои играа на гостински терен. Чикаго и Дерик Роуз го покорија „Медисон Сквер Гарден“, победувајќи го Њујорк со 105:102.
Шест натпревари се одиграа во НБА лигата, на кои две победи и тоа во дерби средбите, забележаа тимовите кои играа на гостински терен. Чикаго и Дерик Роуз го покорија „Медисон Сквер Гарден“, победувајќи го Њујорк со 105:102. Роуз ја предводеше својата екипа со 32 поени и 13 асистенции. Покрај Роуз уште четворица играчи на Чикаго постигнаа двоцифрен број на поени: Кровер и Бузер 16, Вотсон 12 и Ноа 10. Њујорк го предводеа Амари Стадемаер со 34 и Кармело Ентони со 26 поени. Чикаго ја задржа лидерската позиција во НБА со скор 19 победи и 6 порази, Њујорк има негативен ефект од 8 победи и 14 порази. Денвер во победнички ритам мина низ ЛА, победувајќи ги Клиперси со 112:91. Данило Галинари со 21 и Тај Лоусон со 18 поени беа најефикасни кај Денвер, кој има скор од 15 победи и 7 порази, кај Клиперси, кои имаат учинок од 13 победи и 7 порази, најефикасен беше Блејк Грифин со 18 поени. Сан Антонио ја забележа 15-та победа, во 24-от натпревар сезонава, откако на домашен терен го победи Њу Орлеанс со 93:81. Тим Данкан со 19, Тони Паркер со 18 и Тијаго Сплитер со 16 поени беа најпрецизни во победничката екипа. Сакраменто забележа изненадувачка победа над Портланд од 95:92. Ламаркус Олдриџ со 28 поени беше најпрецизен играч на Портланд, додека победникот го предводеше Маркус Тортон со 20 поени. Голден Стејт ја совлада Јута со 119:101, додека Мемфис беше подобар од Атланта со 96:77. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

