Спорт
Рафа Надал затајувал данок?

Даночните власти во Баскија покренале истрага против Рафаел Надал, под сомнение дека тој затајувал данок во оваа шпанска покраина, пренесоа шпанските медиуми.
Даночните власти во Баскија покренале истрага против Рафаел Надал, под сомнение дека тој затајувал данок во оваа шпанска покраина, пренесоа шпанските медиуми. Второпласираниот тенисер на АТП листата, во Баскија, во периодот 2005-2009 година, основал неколку фирми, за кои даночниците се сомневаат дека затајувал данок. Во наведениот период, во оваа северна шпанска покраина на сила биле даночни олеснувања, кои за цел имале да го раздвижат стопанството и претприемништвото. Според информациите, фирмите на Надал во четиригодишниот период платиле данок во износ од 11,06 милиони евра, што е многу помалку од наводно пријавените приходи од 47,37 милиони евра. По повод покренатата истрага против Надал, се огласи неговиот адвокат Карлос Коста, кој ги демантира наводите дека неговиот клиент затајувал данок. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евробаскет 2029 во Грција

По 34 години, Грција во 2029 година повторно ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка. Според грчките медиуми, земјата ќе биде домаќин на финалето на Евробаскет 2029 година.
Грција ги победи Шпанија, Литванија и Словенија во жесток процес на лицитирање, додека Германија се повлече уште порано.
Грција ќе биде домаќин и на групната фаза и на финалето на Европското првенство, а финалето ќе се игра во Атина, на арената „ОАКА“.
Се очекува оваа одлука да биде официјализирана на 22 мај во Рига, по гласањето на претставниците на ФИБА Европа, а ова ќе биде трет пат во историјата Грција да биде домаќин на Евробаскет.
Сè уште не е познато дали и кои други земји ќе бидат домаќини на групната фаза на Европското првенство заедно со Грција, а во медиумите моментално кружат информации дека тоа би можела да биде Холандија.
Не е исклучено кандидатите за последниот дел од турнирот – Шпанија, Словенија и Литванија – да ја преземат организацијата на дел од групната фаза.
За потсетување, Шпанците аплицираа за последниот дел од Евробаскетот, сакајќи да се одржи во „Мовистар Арена“ во Мадрид, а беше споменато дека финалето би можело да се одржи и на фудбалскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, кој може да прими 78.000 гледачи.
Спорт
Два европски гиганта: спектаклот помеѓу Партизан и Панатинаикос потврден

Партизан и Панатинаикос ќе ги вкрстат копјата на пријателски натпревар во Австралија во септември 2025 година, официјално е потврдено.
Како што претходно беше најавено, Партизан и Панатинаикос ќе го продолжат своето пријателство и ќе бидат главни актери на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, именуван по поранешниот сопственик на „зелените“.
Сега е официјално потврдено, а турнирот, на кој ќе настапат и Сиднеј Кингс и Аделejd 36ерс, ќе се одржи од 18 до 22 септември оваа година во Мелбурн и Сиднеј.
„Два европски гиганти. Два австралиски предизвикувачи“, објави ПАО во соопштението за настанот.
„Ова е неверојатен момент за НБЛ (Австралиската кошаркарска лига) и кошаркарските фанови во Австралија. Да се натпреваруваат два од најголемите европски тима на турнир од ваков калибар, заедно со два од најголемите австралиски клуба, е одраз на репутацијата што НБЛ ја стекнува на глобално ниво, но исто така го нагласува растечкиот интерес што Австралијците го имаат за играта“, рече Никола Миливојевиќ, директор на НБЛ.
Партизан и Панатинаикос прво треба да одиграат пријателски натпревар на 18 септември на арената „Џон Кејн“ во Мелбурн, а потоа да учествуваат на турнирот со „Кингс“ и „36ерс“ на арената „Кудос Банк“ во Сиднеј на 21 и 22.
Спорт
Кошаркар на Монако загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од натпревар
Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај.
Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција.
Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои моментално се на лекување (тренерот, тројца играчи и возачот).
Како одговор на оваа трагедија, на натпреварот помеѓу првиот тим на Монако и Бурж ќе се одржи минута молчење.
„Во овие трагични околности, претседателот на клубот и другите членови изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот, а исто така се со сите повредени“, се вели во соопштението на Монако.