Спорт
Радуловиќ во Фени, Штерјов во МЗТ
Најдобрите два тима во кошаркарското првенство на Македонија, Фени индустри и МЗТ, ден пред стартот на Супер лигата, своите редови ги засилија со по еден нов играч. Во прашање се кошаркарите на Вардар, кој првенството ќе го продолжи во „плеј-аут“ лигата, Дарко Радуловиќ и Александар Штерјов.
Најдобрите два тима во кошаркарското првенство на Македонија, Фени индустри и МЗТ, ден пред стартот на Супер лигата, своите редови ги засилија со по еден нов играч. Во прашање се кошаркарите на Вардар, кој првенството ќе го продолжи во „плеј-аут“ лигата, Дарко Радуловиќ и Александар Штерјов. Радуловиќ, кој во првиот дел од првенството имаше просек од 17 поени по натпревар, кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот првак Фени индустри. „Добро се познавам со останатите играчи на Фени Индустри и со тренерот Рајковиќ, добро знам како функционира тимот и пред сè се надевам на брза адаптација, затоа што претстои густ распоред и не очекуваат тешки натпревари“, изјави за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија, Дарко Радуловиќ. Александар Штерјов ја засили конкуренцијата во центарската линија на МЗТ, тој првиот дел од првенството го заврши со просек од 13 поени по натпревар. „Се договоривме со Штерјов со кого потпишавме договор до крајот на оваа сезона, со можност за продолжување на соработката и за наредната. Со тоа го комплетиравме тимот за годинава и воедно костурот за наредната, во која ќе настапуваме во Јадранската лига, иако до тогаш има уште време и веројатно ќе има и уште засилувања“, изјави за сајтот на КФМ Сашо Босилков, претседателот на МЗТ Скопје Аеродром. Радуловиќ и Штерјов за своите нови екипи ќе дебитираат утре кога ќе се одигра првото коло во Супер лигата, во него МЗТ ќе го игра „вечното дерби“ со Работнички, додека Фени индустри ќе гостува со Куманово. крај/basketball.org.mk/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

