Спорт
Дарко Станиќ, министер за одбрана
Министерот за одбрана на Србија, Драган Шутановац, го прими голманот на Металург и српската репрезентација, Дарко Станиќ, кој на неодамна завршеното Европско првенство беше прогласен за најдобар голман.
Министерот за одбрана на Србија, Драган Шутановац, го прими голманот на Металург и српската репрезентација, Дарко Станиќ, кој на неодамна завршеното Европско првенство беше прогласен за најдобар голман. Поради одбраните кои Станиќ ги демонстрираше на континеталното првенство, и кои и помогнаа на Србија да стигне до сребрениот медал, навивачите го прогласија Станиќ за министер за одбрана. Поради тоа министерот Шутановац на Станиќ му подари маица во маскирни бои, со бројот 1 на која пишува: „Дарко Станиќ-министер за одбрана“. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал не успеа да ја одбрани победата на „Етихад“ – Стонс во 98.минута спречи пораз на Сити
Без победник заврши дербито во петтото коло во Премиер лигата. Манчестер сити и Арсенал одиграа 2.2. Пораз на Сити спречи Џон Стоунс во 98.минута.
Натпреварот на „Етихад“ започна онака како што посакуваа играчите на Сити, кои притиснаа од почетокот и во раната фаза на натпреварот Ерлинг Халанд го совлада Раја. Норвежанецот го постигна десеттиот гол од стартот на сезоната во Премиер лигата.
Набргу Сити имаше уште една шанса, од слободен удар Гундоган ја погоди стативата.
Во 22.минута Калфиори остигна спектакуларен гол, негов прв во дресот на Арсенал и го изедначи резутатот. Пресвртот Арсенал го комплетираше во првата минута од судиското надополнување на времето кога Габриел погоди за 1:2.
Клучниот момент на натпреварот се случи во осмата минута од надополнувањето на времето, Оливер му го покаѓа вториот жолт картон на Тросар.
Со играч помалку на теренот Арсенал во вториот дел се бранеше со сите фудбалери, често деветмината беа во шеснаесетникот на Раја. Шпанскиот голман имаше неколку успешни одбрани, но не можеше да го спречи Стонс кој во 98.минута, откако Раја одбрани одбиената топка ја смести во голот.
Сити остана лидер на табелата сега со 13 поени, еден повеќе од Ливерпул и Астон Вила, Арсенал со 11 поени е четврти на табелата.
Спорт
(Видео) Леверкузен со пресврт во 93.минута го победи Волфсбург
Баер Леверкузен во спектакуларен меч, со пресврт го победи Волфсбург со 4:3. „Фармацевтите“ потсетија на минатта, за нив историска сезона, кога многу пати победија во судиското надополнување. Против Волфсбург, херој беше Бонифејс кој погоди за победа во 93.минута.
Волфсбург одигра добар натпревар, но се покаѓа дека клуч за триумфот на Леверкузен беше финишот на првото и стартот на второто полувреме.
Откако Мукиеле со постигна авто-гол во петтата минута, Вирц изедначи, а потоа Волфсбург постигна два голе преку Борну и Сванберг. Но во првата минута од надополнувањето Бонифејс намали на 2:3.
На стартот на вториот дел Инкапи иезедначи, а откако Волфсбург во 88.минута остана со фудбалер помалку, Леверкузен дојде до победата.
Леверкузен заедно со Франјбург и Анјтрахт се наоѓа на делба на втората позиција со три поени помалку од Баерн. Волфсбирг во првите четири кола има само една победа, а во Леверкузен го забележа третиот пораз.
Спорт
Сензација во АБА лигата, шампионот Црвена звезда падна во Дубаи
Сезоната во АБА лигата започна со изненадување. Дебитантот Дубаи славеше над актуелниот шампион Црвена звезда 86:84. Прв пат по 2013/2014 Црвена звезда сезона во регионалната лига запчна со пораз.
Дубаи за деби сезоната селектирше добар тим од познати играчи со тренерот Јурица Големац. Во првиот меч ја адиграа Црвена звезда, која одигра под нивото, со исклучок на периодот од четири минути во втората четвртина кога негативата од 17 поени ја претворија во плус од еден поен.
Играчите на Дубаи не попуштија и предводени од Мејсон, Препелиќ и Абас запишаа заслужена победа.
Пресуди тројката на Мејсон на 35 секунди до крајот која на Дубаи му донесе +5. Во следниот напад со трјка возврати Недовиќ. До крајот ниту еден тим не успеа да постигне поени. Црвена звезда го имаше последниот напад, кој заврши со големо промашување на Мекинтаер.
Мејсон постигна 18 поени, Абас мечот го заврши со 17, додека дабл-дабл учинок имаше Препелиќ со 16 поени и 10 асистенции.
Кај Звезда Калиниќ постигна 16 поени, Кенан додаде 13, Митровиќ 12, а Недовиќ 11, поен помалку постигна Милер-Мекинтаер.