Спорт
НБА: Паркер броеше до 42, нов пораз на Лејкерси
Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 13 натпревари на кои белег стави бекот на Сан Антонио Тони Паркер кој против Оклахома постигна 42 поени.
Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 13 натпревари на кои белег стави бекот на Сан Антонио Тони Паркер кој против Оклахома постигна 42 поени. Покрај Паркер, во победата на Сан Антонио од 107:96 забележителен настап имаше и Тим Данкан, 13 поени и 15 скока. Оклахома ја предводеше Кевин Дурент со 22 поени и 11 скока. Оклахома и покрај поразот го задржа водечкото место во лигата, со скор од 18 победи и 5 порази, Сан Антонио, од друга страна, има речиси перфектен ефект на домашен терен, 13 победи и само еден пораз или вкупно 16 победи и 9 порази, што му го носи третото место во Западната конференција. Лидерот на Истокот, Чикаго забележа победа над Милвоки од 113:90. Дерим Роуз имаше учинок од 26 поени и 13 асистенции, а Луол Денг заврши со 21 поен и 10 скока, кај Милвоки Дру Гуден се истакна со 24 поени. ЛА Клиперси без проблеми го совладаа Вашингтон, тимот кој го има вториот најлош резултат во лигата, 4 победи и 20 порази. Блејк Грифин со 21 поен и 11 скока ги предводеше Клиперси до победата од 107:81. Градскиот ривал на Клиперси, ЛА Лејкерс го запишаа осмиот пораз во 11-от натпревар на гостински терен. ЈУта ги совладаа „езерџиите“ со 96:87, благодарение на Ал Џеферсон кој реализира 18 поени, кај Лејкерси тројца кошаркари постигнаа над 20 поени: Брајант 26, Гасол 24 со 16 скока и Бајнам 21. Минесота забележа победа над Хјустон од 100:91, Тимбервулфски ги предводеше Кевин Лав со 25 поени и 18 скока, а одлична помош доби од Рики Рубио кој мечот го заврши со 13 поени и 11 асистенции. На останатите натпревари:Атланта-Филаделфија 87:98Индијана-Орландо 81:85Њујорк-Њу Џерси 99:92Детроит-Њу Орлеанс 89:87Кливленд-Далас 91:88Феникс-Шарлот 95:89Сакраменто-Голден Стејт 114:106Портланд-Денвер 117:97. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

