Спорт
Орландо го доби дербито на Флорида

Орландо го победи Мајами во дербито на Флорида со 102:89, во најпривлечниот натпревар кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата.
Орландо го победи Мајами во дербито на Флорида со 102:89, во најпривлечниот натпревар кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата. Орландо, до 16-та победа во 26-от натпревар сезонава го предводеше извонредниот Двајт Хауард, кој мечот го заврши со 25 поени и 24 скока. Покрај Хауард, кај Орландо се истакна и Рајан Андерсон кој заврши со 27 поени и 11 скока. Орландо со оваа победа се наоѓа на третото место во Југоисточната дивизија, односно на шестото место во Источната конференција. Мајами, кој го забележа седмиот пораз сезонава, го предводеа Двејн Вејд со 33 и Леброн Џејмс со 17 поени и 10 асистенции. Мајами се наоѓа на второто место во Источната конференција, каде лидер е Чикаго, кој забележа гостинска победа во Њу Орлеанс од 90:67. Карлос Бузер со 18, Тај Гибсон со 14 и Жоакин Ноа со 13 поени и 10 скока ги предводеа Биковите до победата. ЛА Клиперси го запишаа осмиот пораз во сезоната, откако загубија од Кливленд со 99:92. Антоан Џејмисон со 27 поени беше најпрецизен кај Кливленд, додека во поразената екипа се истакна Блејк Грифин со 25 поени и 15 скока. На останатите натпревари:Торонто-Милвоки 99:105Феникс-Сан Антонио 90:100Вашингтон-Њујорк 93:107Њу Џерси-Детроит 92:99Атланта-Индијана 97:87Мемфис-Минесота 85:80Денвер-Далас 95:105Портланд-Хјустон 96:103. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леверкузен на Дортмунд им го „украде“ Ечевери

Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица.
Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд.
Ечевери пристигна во Сити минатата година од Ривер Плата за 18,5 милиони евра. Тој се приклучи на тимот на почетокот на оваа година, но одигра само три натпревари.
Спорт
Јован Манев на заем во Нови Пазар

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25.
По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година.
Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека одигра 11 натпревари и постигна гол за сениорската репрезентација на Македонија.
Foto/ nk-rijeka.hr
Спорт
Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.
Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.
„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.
„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“
Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.