Спорт
НБА: Лин ги урна Лејкерси
Само четири победи на домашните тимови, во 12-те натпревари кои се одиграа изминатата ноќ, во НБА лигата, која мина во знакот на кошаркарот на Њујорк Никс, Џереми Лин.
Само четири победи на домашните тимови, во 12-те натпревари кои се одиграа изминатата ноќ, во НБА лигата, која мина во знакот на кошаркарот на Њујорк Никс, Џереми Лин. Њујорк во „Медисон Сквер Гаред“ забележа победа над ЛА Лејкерс со 92:85, а Лин, постигна рекордни во кариерата 38 поени. Кај Лејкерси Коби Брајант натпреварот го заврши со 34 поени и 10 скока. Воедно, ова беше прва победа на Њујорк против ЛА Лејкерс уште од 2007 година. Мајами, второпласираната екипа во Источната конференција го совлада Вашингтон, екипа која го има вториот најлош скор во лигата, со 106:89. Двејн Вејд постигна 26 поени, а Крис Бош имаше учинок од 24 поени и 11 скока. Вашингтон во поразот го предводеа Џавал Мекги со 24 поени и 13 скока, односно Нил Јанг со 22 поени. Лидерската позиција на Истокот му припаѓа на Чикаго, Булси забележаа лесна победа од 95:64 во Шарлот, најслабиот тим во лигата. Лидерот во НБА лигата, Оклахома Тандерс, стигна до 21-та победа во првенството, откако во Солт Лејк Сити ја победи Јута со 101:87. Расел Вестбрук со 28 и Кевн Дурент со 19 поени беа предводници во победата на Оклахома. Бостон го забележа вториот последовен пораз, Селтикси загубија во Торонто од домаќинот со 86:74. Демар Дерозен постигна 21 поен во победничкиот тим, поразениот Бостон го предводеше Кевин Гарнет со 17 поени и 8 скока. Актуелниот првак Далас, во Минеаполис, ја совлада Минесота со 104:97. Дирк Новицки потсети на старите времиња, со 33 поени тој беше најефикасен играч на натпреварот. Кај Минесота, Кевин Лав, кој се врати по суспензијата од два натпревари, мечот го заврши со 32 поени и 12 скока. Атланта, предводена од Џош Смит, 23 поени и 19 скока, победи во Орландо со 89:87. Орландо го предводеа Рајан Андерсон со 21 поен и Двајт Хауард кој имаше двоен ефект, 18 поени и исто толку скокови. На другите натпревари:Филаделфија-ЛА Клиперс 77:78Детроит-Њу Џерси 109:92Кливленд-Милвоки 112:113Мамфис-Индијана 98:92Њу Орлеанс-Портланд 86:94. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

