Спорт
Анри како некогаш, нов пораз на Челзи

Тиери Анри го одигра последниот меч за Арсенал, пред враќањето во САД и на својот тим му донесе вредна победа во Сандерленд.
Тиери Анри го одигра последниот меч за Арсенал, пред враќањето во САД и на својот тим му донесе вредна победа во Сандерленд. Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал, во игра влезе во 66. минута, а во судиското надополнување на времето го постигна голот со кој неговиот тим победи со 1:2. Со оваа победа, Арсенла на табелата го мина Челзи, двата тима имаат по 43 бода. Челзи, на Андре Вилас-Боаш одигра уште еден разочарувачки натпревар, откако на „Гудисон Парк“, загуби од Евертон со 2:0. Новиот пораз, вкупно шести во првенството, уште повеќе ќе ја разнишаат позицијата која младиот португалски менаџер ја има во клубот. Тотенхем го држи ритамот со ривалите од Манчестер, откако забележа убедлива победа од 5:0 над Њукасл. Луи Саха, засилувањето од Евертон, ги постигна првите свои погодоци за нвата екипа. Значајни победи во борбата за опстанок забележаа Блекбурн и Виган. Блегбурн со 3:2 го победи КПР, додека Виган победи во Болтон 1:2. Норич со голем пресврт победи кај Свонси 2:3, додека Фулам со 2:1 го совлада Стоук. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com
Спорт
ПСЖ мора да го продаде Донарума

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона?
Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.
Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.
Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.
По тој повод, „Лекип“, пишува дека Манчестер Јунајтед и Сити им се придружија на Челзи и Галатасарај, кои беа поврзувани со Донарума уште претходно.
Доколку се врати во Серија А, единствените веројатни кандидати би биле Интер и Јувентус, наведува „Фудбал Италија“.
Италијанецот беше еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен минатата сезона на патот кон освојување на Лигата на шампионите.
Во исто време, ПСЖ бара негов наследник, а изборот наводно паднал на Лука Шевалие, голманот на Лил.