Спорт
Рондо ги покори Булси
Само две победи, на шестте одиграни натпревари во НБА лигата, за тимовите кои играа на домашен терен.
Само две победи, на шестте одиграни натпревари во НБА лигата, за тимовите кои играа на домашен терен. Изминатата ноќ во најсилната лига на светот мина во знакот на плејмејкерот на Бостон Селтикс, Режон Рондо, кој реализира „трипл-дабл“ во победата на неговиот тим над Чикаго од 95:91. Рондо натпреварот го заврши со 32 поени, 10 скока и 15 асистенции. Чикаго, во отсуство на Дерик Роуз, со по 22 поени го предводеа Карлос Бузер и Си Џеј Вотсон. Домашна победа, 106:97 забележа Голден Стејт против Хјустон. Монта Елис со 33 поени беше најефикасен кај победникот, додека поразената екипа ја предводеше Кевин Мартин со 28 поени. Мајами во Атланата забележа убедлива победа над домаќинот 107:87. Леброн Џејсм натпреварот го заврши со 23 поени и 13 скока, додека Двејн Вејд уфрли 21 поен, одличен меч одигра и Крис Бош, 14 поени и 16 скока. Коби Брајант постигна 27 поени во победата на Лејкерси во Торонто од 94:92. Покрај Брајант забележителна улога во победата имаше и Пау Гасол 16 поени и 17 скока. Вашингтон победи во Детроит 98:77, по 22 поени постигнаа Џавал Мекги и Нил Јанг. Јута во Мемфис стигна до 14-та сезонска победа, „џезерите“ победија со 98:88, пред се благодарение на Гордон Хејворд 23 поени и Ал Џеферсон 21 поен и 15 скока. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

