Спорт
Барса сигурна против Баер, Тричко поразен во Лион
Актуелниот европски првак Барселона, со победата во Леверкузен, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони, веќе си обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи, во елитното натпреварување.
Актуелниот европски првак Барселона, со победата во Леверкузен, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони, веќе си обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи, во елитното натпреварување. Барселона го победи Баер со 3:1, благодарение на двојниот стрелец Алексис Санчез, додека еден гол постигна Лео Меси, единствениот гол за „фармацевтите“ го постигна Кадлец. Најдобриот светски играч, Меси, со голот на „Бај Арена“, влезе во историјата на Лигата на шампиони, како најдобриот стрелец во нокаут фазата (осминафинале, четвртфинале, полуфинале, финале). Меси, од 2005 година наваму, во нокаут фазата има постигнато 19 погодоци, со што ги мина на Андриј Шевченко и Раул, кои во елиминационите рунди по 18 пати ги треселе противничките мрежи. Предност по првиот осминафинален натпревар стекна Олимпик Лион, кој го победи АПОЕЛ со 1:0, стрелец на голот беше Лаказет. Македонскиот репрезентативец во дресот на АПОЕЛ, Иван Тричковски, го одигра целиот натпревар, но со огледа на тактичката поставеност на кипарскиот шампион, неговите напаѓачки перформанси не дојдоа до израз. Вечерва во Лигата на шампиони ќе се одиграат две средби, во 18 часот на „Петровски“ стадионот во Санкт Петербург, Зенит ќе ја пречека Бенфика, додека од 20:45, во дербито на оваа фаза, на „Сан Сиро“, Милан за противник ќе го има Арсенал. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гендузи се сели во Фенербахче
Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче.
Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година.
Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај.
Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.
Спорт
Капитенот ќе остане во Милан
Мајк Мањан ќе остане во Милан и наскоро ќе го стави својот потпис на новиот договор со италијанскиот клуб.
Францускиот голман влезе во последната година од договорот и сè се очекуваше да ги напушти „росонерите“ како слободен агент на крајот од сезоната.
Сепак, раководството на Милан успеа да го убеди да остане, а според новиот договор, тој ќе заработува 7.000.000 евра годишно, што значи дека заедно со Рафа Леао ќе биде најплатениот играч на „Сан Сиро“.
Според „Газета дело Спорт“, Макс Алегри одиграл клучна улога во задржувањето на искусниот голман во клубот.
Да ве потсетиме дека Мењан беше блиску до преселба во Челзи ова лето, тој се договори за сè со „сините“, но клубовите не се согласија за обештетувањето.
Спорт
Ентони Џошуа ќе се пензионира
Трауматично искуство е зад олимпискиот победник и поранешен професионален шампион во тешка категорија Ентони Џошуа. Тој преживеал ужасна сообраќајна несреќа во Нигерија, земјата на неговите родители, па затоа ретко кој верува дека 36-годишникот роден во Вотфорд ќе ја продолжи кариерата.
Нигерискиот весник „ПАНЧ“, стигна до неговиот чичко, Адедамоле Џошуа, кој не само што рече дека неговиот внук размислува за крај на кариерата, туку зборуваше за тоа во свршено време.
„Главната работа е што се пензионираше од боксот“, започна Адедамола Џошуа, а потоа додаде:
„Затоа сме толку среќни бидејќи секогаш не носат емоциите кога го гледаме во рингот. Секој пат кога ќе биде соборен, чувствуваме како ни излегуваат срцата од градите.“
Чичкото на Џошуа истакнува дека целото семејство е трауматизирано од неговата професионална вклученост во рингот и дека е среќен што неговиот внук се пензионира на врвот на славата и популарноста, бидејќи кратко пред несреќниот настан добил симпатии од навивачите за тоа што му нанел сериозна штета на јутјуберот Џејк Пол.
На прашањето на еден нигериски новинар дали Ентони лично објавил дека одлучил да се пензионира кај членовите на своето семејство, Адедамола потврди:
„Да“.
Од британските медиуми „протече“ информација дека Џошуа изразил желба да им помогне на двете лица кои загинаа во автомобилот во кој бил и тој. Сина Гами и Латиф Ајоделе биле во стручниот штаб на Џошуа, но пред сè биле блиски пријатели на британскиот боксер, па затоа е јасно колку трага ќе остави овој ужасен настан.

