Спорт
Осминафинални натпревари во ФА купот

Овој викенд во Англија е резервиран за одигрување на натпреварите од осминафиналето во ФА купот. Дерби натпревар во оваа фаза е пресметката на Сандерленд и Арсенал.
Овој викенд во Англија е резервиран за одигрување на натпреварите од осминафиналето во ФА купот. Дерби натпревар во оваа фаза е пресметката на Сандерленд и Арсенал. Двата тима играа меѓу себе изминатиот викенд, а победи Арсенал со 2:1, со голот на Арни постигнат во 93-та минута. Сандерленд, поради тоа ќе има мотив повеќе да му се реваншира на Арсенал, за кого овој натпревар доаѓа во незгоден момент, „тобџиите“ во средата, во Милано, загубија од Милан со 4:0. Останатите претенденти за трофејот во ова натпреварување не би требало да имаат поголеми проблеми да се пласираат во четвртфиналето. Челси и Ливерпул за противници ги имаат второлигашите Бирмингам, односно Брајтон, а Тотенхем ќе гостува кај нисколигашот Стевенаџ. Евертон и Норич ќе играат против Блекпул и Лестер, Милвол го пречекува Болтон, а Стоук ќе му гостува на Кроули. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еди Хау ја прекина лошата серија на англиските тренери

Екипата на Њукасл по 70 години успеа да освои трофеј.
Црно-белите го совладаа Ливерпул со 2:1 на „Вембли“ и со тоа го освоија трофејот во англискиот Лига куп.
Ова е голем успех и за тренерот на тимот, Еди Хау, кој со тоа стана првиот англиски тренер кој освоил домашен трофеј од 2008 година.
Последниот тренер, Англичанец кој успеал да освои трофеј во Англија бил Хари Реднап. Со Портсмут, овој тренер го освои ФА Купот.
Звучи неверојатно што ниту еден тренер од Англичанец не ја освоил Премиер лигата.
Спорт
(Видео) Денвер без Јокиќ и Мареј го победија Голден Стејт, Дончиќ и Ривс за триумф на Лејкерс над СА

Кошаркарите на Денвер на гостински терен во Сан Франциско, без двајцата најдобри играчи Никола Јокиќ и Џамал Мареј, го совладаа Голден Стејт со 114:105. За Вориорс ова беше прв пораз по серијата од седум победи. Во исто време ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Сан Антонио 125:109.
Најефикасен кај Денвер беше Арон Гордон со сезонски рекорд од 38 поени. Мајкл Портер Јуниор додаде 21 поен и 10 скока, Пејтон Вотсон имаше 13 поени и четири блокади, додека Расел Вестбрук забележа трипл-дабл со 12 поени, 16 асистенции и 12 скока.
Српскиот интернационалец Никола Јокиќ го пропушти натпреварот со повреда на лактот, додека вториот најдобра стрелец на Данвер, Мареј мечот го пропушти поради повреда на скочниот зглоб.
Џими Батлер беше најефикасен кај Голден Стејт со 23 поени, осум скока и шест асистенции. Стивен Кари додаде 20 поени и седум асистенции, додека Гери Пејтон постигна 18 поени. Дрејмонд Грин забележа 10 поени, шест скока, пет асистенции, пет блокади и три украдени топки.
Денвер е трет во западната конференција со 44 победи и 25 порази, додека Голден Стејт е шести со скор 39/29.
Лос Анџелес Лејкерс, предводени Остин Ривс (30 поени), го совладаа Сан Антонио со 125:109.
Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 14 асистенции и девет скокови. Словенецот повторно лошо шутираше од поле, погоди само пет од 20 обиди. Дончиќ половина од поените постигна од линијата за слобидни фрлања (10/130.
Најефикасен кај Спарс беше рукито Стефон касл со 23 поени. Сан Антонио до крајот на сезоната е беа Виктор Вембањама и Диерон Фокс.
Спорт
Панчев: Хуманитарен меч Вардар-Црвена звезда на 16. април

Легендата на македонскиот, југословенскиот фудбал и Црвена звезда, Дарко Панчев е скршен од тага по трагедијата во Кочани, во која во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а преку 150 се повредени.
Европски и светски шампион со Црвена звезда, Панчев во разговор за „Спортклуб“, откри дека разговарал со генералниот директор на најтрофејниот српски клуб, Звездан Терзиќ, црвено-белите да му гостуваат на Вардар во Скопје. Идеката на Панчев е да се одигра хуманитарен натпревар.
„Останува само да се одреди датум, Црвена звезда за се ќе се договори со Вардар, директорот Терзиќ го спомна 16 април, благодарам, што друго да кажам. Во име на Кочани, Скопје и цела Македонија, Ви благодариме за грижата, за тоа што се прави за повредените, за нивниот транспорт и за лекувањето во Србија, благодареност до братскиот народ“, рече Панчев.