Спорт
Рехагел нов тренер на Херта

Прославениот германски тренер Ото Рехагел ја прифати понудата на бундеслигашто Херта, со што по 12 години ќе се врати активно во германскиот фудбал.
Прославениот германски тренер Ото Рехагел ја прифати понудата на бундеслигашто Херта, со што по 12 години ќе се врати активно во германскиот фудбал.Веста денеска ја објави раководството на берлинскиот клуб, додавајќи дека официјалната промоција на Рехагел (73) ќе се одржи утре.На тренерското место во Херта, Рехагел ќе го наследи Михаел Скибе, кој доби отказ по низата порази, кои берлинскиот клуб го фрлија во борбата за опстанок.Рехагел во изминатите десетина години беше селектор на Грција, која во 2004 година ја искачи на кровот на Европа.Најголем дел од својата богата кариера, Рехагел го мина на кормилото на Вердер од Бремен, кој од мал клуб успеа да го издигне во еден од најсилните германски клубови. За постигнатите успеси, градските власти на Бремен му подигнаа споменик во градот, нарекувајќи го „Кралот Ото“.Историски успех Рехагел постигна со Кајзерслаутерн, кој најнапред го внесе во првата лига и веднаш потоа ја освои шампионската титула.Херта на денешниот натпревар против лидерот Борусија Дортмунд ќе ја водат помошниците Рене Третчок и Анте Човиќ. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Холанѓанецот Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата награда на Белгија, 13-то коло од овогодинешното првенство во Формула 1.
Холанѓанецот ја оствари својата прва спринт победа годинава со предност од седум и пол десетинки во однос на Оскар Пјастре од Мекларен. Третото место на подиумот го освои другиот возач на британскиот тим, Ландо Норис, кој беше нешто помалку од седум десетинки од секундата зад својот соиграч. Интересно е што спринт трката во Спа е прва во историјата откако Кристијан Хорнер повеќе не беше шеф на тимот во Ред Бул, па Верстапен му донесе триумф на тимот на дебито на Лоран Маки.
Фото: принтскрин
Спорт
Аморим: Нема да има распродажба во Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека заинтересираните клубови нема да можат да добијат играчите, на кои клубот повеќе не смета, по „дисконтни“ цени објави денес Би-Би-Си.
Откако Маркус Рашфорд се пресели на позајмица во Барселона, Ентони, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Тирел Маласија беа изоставени од турнејата на Јунајтед во САД и се вратија на индивидуални тренинзи во тренинг центарот во Карингтон.
Бетис сака да го врати Ентони, каде што играше на позајмица минатата сезона, додека Јувентус е заинтересиран за Санчо, но тој прво мора да ослободи место во тимот. Гарначо се поврзува со неколку европски клубови.
Сепак, засега нема конкретни понуди, а се шпекулира дека клубовите ќе чекаат до последните денови од преодниот рок, надевајќи се дека Јунајтед ќе мора да ги намали цените.
„Техничкиот директор Џејсон Вилкокс, извршниот директор Омар Берада и целиот клуб јасно поставија цени за тие играчи. Доколку другите клубови не ги достигнат, тие остануваат играчи на Манчестер јунајтед, нема сомнение“, рече Аморим.
Аморим додаде дека некои играчи сакаат нов предизвик и дека клубот им дава време да размислат, но исто така рече дека потенцијалните купувачи не треба да се надеваат дека ќе може да ги добие овие играчи речиси за џабе.
Јунајтед веќе ги донесе новите засилувања Брајан Мбеумо, Матеуш Куња и Диего Леон ова лето, но сè уште бараат напаѓач и централен играч од средниот ред за да ги пополнат празнините во составот.
Аморим истакна дека е задоволен од сегашниот состав и дека е подготвен да ја започне сезоната со него. Манчестер јунајтед новата сезона ќе ја отвори со дербито против Арсенал.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шокираниот Медведев искрши сè по елиминацијата во Вашингтон

Дуелот помеѓу Данил Медведев и Корентан Муте ја донесе најлудата завршница и најлудиот поен на меч топка оваа сезона.
Муте, сензационално го победи Медведев во четвртфиналето на Вашингтон по пресврт и речиси два и пол часа борба со 1:6, 6:4, 6:4.
Апсолутно никој, а веројатно ни самиот Французин, не очекуваше таков исход, особено откако експресно го загуби првиот сет.
Погледнате како се одвиваше последниот поен на мечот.
😱 One of the most DRAMATIC match points you’ll see all year
🇫🇷 Moutet X Medvedev 🇷🇺 pic.twitter.com/FNnB4ACDmu
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) July 25, 2025
Пред поздравот, Медведев лут го фрли рекетот на трибините, а што направи веднаш потоа… Па, погледнете го и тоа.
You can always recognize Russian psychopaths, even when they compete “without a flag.”
Given how fragile the Russian economy is, smashing rackets after humiliating losses has gotten too expensive. So Medvedev switched to bottles instead. pic.twitter.com/sHlx6M10tj
— Victoria (@victoriaslog) July 25, 2025