Спорт
Катастрофа на Лацио, на Сицилија

Катастрофата на Лацио, на гостувањето во Палермо, го одбележа 24. коло во италијанската Серија А.
Катастрофата на Лацио, на гостувањето во Палермо, го одбележа 24. коло во италијанската Серија А. Палермо со фуриозна игра во првите 50. минути стигна до недостижна предност од 5:0, која во финишот на натпреварот ја ублажи Козак, кој ги постави конечните 5:1. Стрелци на головите за Палермо беа петмина различни играчи, серијата ја отвори Берето, ја продолжија Донати, Силвестре и Будан, а ја заврши капитенот Миколи. Лацио и покрај поразот остана на третото место на табелата, со 42 бода, колку што има и Удинезе кој одигра само 0:0 на домашен терен против Каљари. Што се однесува до врвот на табелата, на лидерската позиција, со натпревар повеќе се наоѓа актуелниот шампион Милан. „Росо-нерите“ имаат 50 бодови, еден повеќе од Јувентус. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јанелт ќе игра за Босна и Херцеговина

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина успеа да извојува голема административна победа.
Во овој квалификациски циклус Витали Јанелт ќе може да го носи дресот на оваа репрезентација.
Овој фудбалер кој е роден во Германија, поточно во Хамбург во 1998 година, до моментот кога се оженил за Босанка нема никаква врска со Босна и тоа било доволна причина да добие државјанство.
Тој нема да биде во составот за стартот на мундијалските квалификации против Романија и Кипар, но Германецот треба да го облече дресот на БиХ веќе во јуни, на натпреварите против Сан Марино и Словенија.
Јанелт е играч на Брентфорд и оваа сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата.
Според веб-страницата „Трансфермаркт“, вредноста на новиот фудбалер на Босна и Херцеговина се проценува на 22 милиони евра.
Спорт
ПСЖ испратил понуда до Ван Дајк

Пари Сен Жермен трагна по потписот на капитенот на ливерпул, Вирџил ван Дајк.
Според француските медиуми, спортскиот дирекотр на ПСЖ започнал прелиминарни преговори со Холанѓанецот, што само долеа масло на огнот на видеото кое се појави по натпреварот помеѓу Ливерпул и ПСЖ.
Имено, по осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите се појави видео на кое Ван Дајк комуницира со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Кампос.
Последните информации говорат дека ПСЖ на Ван Дајк му нуди двегодишен договор вреден 40 милиони евра (20 милиони годишно), со опција за продолжување на уште една сезона и со потенцијални бонуси и заработка од дури 50 милиони до 2027 година.
Навивачите на Ливерпул се загрижени бидејќи клубот се уште не направил конкретни потези во преговорите и знаат дека клубот не може да и парира на оваа понуда.
По елиминацијата од ПСЖ, Ван Дајк изјави дека тимот од Париз е „најтешкиот противник и најдобриот тим против кој Ливерпул играл во последните четири години“.
Спорт
Франција без Турам против Хрватска

Францускиот напаѓач Маркус Турам (27) поради повреда нема да настапи на двата меча против Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нации. Турам, во понеделникот се појавил во Националниот фудбалски центар во Клерфонтен.
Напаѓачот на Интер бил прегледан од докторот Франк Ле Гал пред да биде подложен на дополнителни тестови.
„Тој имаше болки во левиот скочен зглоб, поради што нема да може да учествува на натпреварите закажани за четврток на 20 март во Сплит и в недела на 23 март на „Стад де Франс“ против Хрватска. Дидие Дешам му дозволи да се врати во Милано. Селекторот продолжува да работи со преостанатите 23 играчи“, соопштија од Фудбалската федерација на Франција.
Турам (29 настапи, 2 гола) одигра неколку натпревари под инјекции оваа сезона. Тој постигна два гола против Феенорд во Лигата на шампионите пред да биде заменет по 60 минути игра. Во неделата во Бергамо тој го одигра целиот натпревар против Аталанта при победата на Интер од 2:0, но не постигна гол.
Дешам сега остана со Бредли Баркола (ПСЖ), Усман Дембеле (ПСЖ), Дезире Дуе (ПСЖ), Рандал Коло Муани (Јувентус), Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Мајкл Олисе (Баерн) како напаѓачи.
Турам одигра 38 натпревари оваа сезона, постигна 16 голови во сите натпреварувања.