Спорт
Арсенал против Тотенхем, Сити го чека Блекбурн, Јунајтед патува во Норич

Дербито на северен Лондон, меѓу Арсенал и Тотенхем,е централниот настан на некомплетното 26-то коло, во англиската Премиер лига.
Дербито на северен Лондон, меѓу Арсенал и Тотенхем,е централниот настан на некомплетното 26-то коло, во англиската Премиер лига. Колото е некомплетно поради финалниот натпревар во Лига купот, кој ќе се одигра во недела од 17 часот, а ривали ќе бидат Ливерпул и Кардиф. Поради овој меч одложен е првенствениот дуел помеѓу Ливерпул и Евертон. Севернолондонската пресметка доаѓа во незгоден момент за Арсенал, екипата на Арсен Венгер е далеку од посакуваната форма, за што потврда се двата порази од Милан во Лигата на шампиони и Сандерленд во ФА купот. Тотенхем е спокоен пред дуелот, бидејќи е сигурен на третата позиција, а од противникот има дури 10 бода повеќе. Лидерот Манчестер Сити не би требало да има поголеми проблеми за да ги освои бодовите против Блекбурн, екипа која се наоѓа во опасната зона, додека во Манчестер Јунајтед се претпазливи во врска со гостувањето кај Норич, кој е најпријатното изненадување во Премиер лигата. Излез од кризата бара и Челзи и се чини дека „сините“ имаат противник по мерка за конечно да забележат победа. На „Стенфорд Бриџ“, на Челзи ќе му гостува претпоследниот тим на табелата, Болтон. Сабота, 25.февруари:Челзи-БолтонЊукасл-ВулверхемптонКПР-ФуламВБА-СандерлендВиган-Астон ВилаМанчестер Сити-БлекбурнНедела, 26. февруари:Арсенал-ТотенхемНорич-Манчестер ЈунајтедСтоук-Свонси. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тотенхем за 20 минути го декласира Вест Хем

Фудбалерите на Тотенхем, како гости, го победија Вест Хем во градското дерби (3:0), во четвртото коло од Премиер лигата. Вест Хем доживеа уште еден тежок поразо во пресметка со ривал од Лондон, откако претходно на домашен терен загубија и од Челзи (1:5).
Практично сè се случи во рок од 20 минути од второто полувреме, кога играчите на Тотенхем ги постигнаа сите голови, а „чеканите“ останаа со играч помалку.
Папе Сар постигна гол во 47-та минута, но работата на Тотенхем му беше олесната во 54-та по директниот црвен картон за Томас Соучек.
Следниот напад практично резултираше со гол на Лукас Бергвал во 57-та минута, а Мики ван де Вен стати точка на мечот во 64-та минута.
Тотенхем е втор на табелата со девет бода и го игра следниот натпревар против Брајтон на гости.
Вест Хем има само три бода, а во следното коло повотрно ќе пречека противник од Лондон. На Олимпискиот стадион ќе гостува Кристал Палас.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во „Дерби дела Италија“, проектилот на Аџиќ во 92.минута му го сруши Интер

Јувентус во „Дерби дела Италија“, го победи Интер со 4:3. Дербито донесе спектакл во Торино, два пресврти, голови на браќата Тирам, голови на турските репрезентативци Јидиз и Чалханоглу и неверојатниот гол на Црногорецот Аџиќ во 92.минута са триумф на „старата дама“.
Спектаклот во Торино со гол го отоври Кели по 14.минути игра. Изедначи Чалханоглу во 30.минута, со гол од далечина. Осум минути подоцна на сличен начин на спротивната страна погоди неговиот сонародник Јилдиз.
Вториот дел му припадна на Интер, играчите на Кристијан Киву доминираа, изедначија со волејот на Чалханоглу во 65.минута, а целосен пресврт направија со голот на Маркус Тирам во 76.минута.
Седум минути подоцна на речиси идентичен начин погоди неговиот брат Кефрен и го изедначи резултатот.
И за крај на мечот спектакуларен гол, 19-годишниот Аџиќ во 82.минута, испрати проектил од 25 метри кој заврши „низ ушите“ на Зомер за конечни 4:3.
Јувентус има три победи во првите три рунди, Интер по три кола има два порази и една победа.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Волтемаде со гол дебитираше а Њукасл, Борнмут победи и се изедначи со Арсенал и Ливерпул

Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар.
Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1.
Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.
Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.
Исто така и во Њукасл, каде што „страчките“ го победија Вулверхемптон со 1:0 со голот на најскапото засилување во историјата на клубот, Ник Волтемаде.
Тоа беше првиот гол за поранешниот напаѓач на Штутгарт во неговиот прв натпревар за новиот клуб.
WHAT AN INSANE GOAL WOLTEMADE – BEAUTIFUL
BEST STRIKER WE'VE HAD IN YEARSpic.twitter.com/zwcItIjY8N
— Dell 🇮🇹 (@agbnufc_) September 13, 2025
Фулам исто така победи попладнево, и тоа во финишот на натпреварот со автоголот на Габриел Гудмундсон во петтата минута од судиското продолжение за 1:0 против Лидс.
На натпреварите Евертон – Астон Вила и Кристал Палас – Сандерленд немаше голови.
Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.
Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.