Спорт
Аршавин: Зенит како подготовка за Еуро 2012

Челниците на Арсенал и Зенит во петокот постигнаа договор, напаѓачот Андреј Аршавин, до крајот на сезоната, како позајмен играч да настапува во екипата од Санкт Петербург.
Челниците на Арсенал и Зенит во петокот постигнаа договор, напаѓачот Андреј Аршавин, до крајот на сезоната, како позајмен играч да настапува во екипата од Санкт Петербург. Според Аршавин, играњето во Зенит ќе му овозможи во вистинска форма да го дочека стартот на Европското првенство. „Ова е најдобрата одлуката, да си помогнам себеси, но и да му помогнам на поранешниот клуб во борбата за титулата. Се надевам дека во Зенит ќе имам се што ми е потребно за на најдобар начин да се подготвам за Европското првенство“, рече Аршавин. Рускиот репрезентативец, во Арсенал мина од Зенит во 2009 година, оваа сезона тој беше во втор план кај менаџерот Арсен Венгер. Аршавин за Арсенал одигра 133 натпревари на кои постигна 30 погодоци, претходно, тој девет години го носеше дресот на Зенит. Европското првенство кои ќе се одржи во Полска и Украина започнува на 8. јуни, а Русија ќе се натпреварува во А групата заедно со Полска, Чешка и Грција. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Вардар ја победи Лозана
Вардар ја победи Лозана со 2:1, во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во главната фаза во Конференциската лига.
Вардар може да жали што не успеа да стекне поубедлива предност пред реваншот во Швајцарија наредниот четврток. Лошите 15 минути на почетокот на вториот дел, кога Вардар, впечатокот е без потреба за повлече и овозможи на Лозана да има активен резултата пред возвратниот дуел.
Црвено-црните апсолутно го контролираа натпреварот во првото полувреме, играчите на Лозана не упатија ниту еден удар кон голот на Талески. Во финишот на првиот дел, во 47.минута, Тодороски упати удар од 18 метри, голманот на Лозана ја одби топката на неа налета Мато и ја закова во голот.
Притисокот на стартот од второто полувреме, Швајцарците го материјализраа со прекрасниот гол на Дијаките. 19-годишникот со десната нога го погоди левиот горен агол од голот на Вардар.
Овој гол ги раздвижи Вардарци, Мато пропушти две шанси, а во 78.минута по една мешаница пред голот најдобро се снајде Омерагиќ кој го постави конечниот резултат.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6ug0yw”,”div”:”rumble_v6ug0yw”});
Спорт
Милтон доби отказ во Лејкерси па потпиша за Партизан

Шејк Милтон е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан.
Како што пишува „Телеспорт“, 28-годишниот бек потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе заработува 1.200.000 долари следната сезона.
Исто така, неговото доаѓање значи дека Ифе Лундберг повеќе не е во плановите на Партизан.
Милтон играше во Филаделфија во период кога тимот редовно стигнуваше до полуфиналето на Источната конференција, а беше дел од тимот кој во сезоната 2020/21 во лигата го зазеде првото место на Истокот.
Таа сезона тој имаше и најдобра статистика во НБА со просек од 13 поени по натпревар, 3,1 асистенции, 2,3 скока за 23,2 минути. Тој беше и еден од најважните играчи кога ѕвездата на тимот, Џоел Ембиид, ја освои наградата за најкорисен играч во 2023 година.
По таа сезона, тој ја напушти Филаделфија и практично неговата кариера тргна надолу. Смени многу тимови, а во претходните две сезони беше во пет тима: Минесота, Детроит, Њујорк Никс, Бруклин и Лос Анџелес Лејкерс, кои неодамна го отпуштија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Дончиќ ќе добие 229 милиони долари од Лејкерси

Фото/ Принтскрин
Лука Дончиќ се согласи да ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс и ќе отпатува во Соединетите Американски Држави пред репрезентативниот собир да го потпише договорот.
Лејкерси и Дончиќ постигнаа договор за продолжување на соработката до 2029 година.
Според словенечкиот „Спорт клуб“, Дончиќ ќе отпатува во Лос Анџелес пред својот прв тренинг со словенечката репрезентација за да го стави својот потпис на договорот.
Претходно беше објавено дека Словенецот ќе потпише максимален четиригодишен договор вреден 229 милиони долари.
Првиот ден кога Лејкерсите можат да му понудат договор е 2 август, а се очекува Дончиќ тогаш да го потпише договорот.
Во 28 натпревари за Лејкерси, тој забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек од 35 минути на паркетот.
Во серијата од пет натпревари од плејофот против Минесота Тимбервулвс, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на паркетот.