Спорт
Касиљас се израмни со Ван дер Сар, победа го дели од Турам
Голманот на мадридски Реал и шпанската репрезентација, Икер Касиљас, го израмни рекордот на легендарниот Едвин ван дер Сар, по бројот на натпревари за националниот тим, во кој не примил гол.
Голманот на мадридски Реал и шпанската репрезентација, Икер Касиљас, го израмни рекордот на легендарниот Едвин ван дер Сар, по бројот на натпревари за националниот тим, во кој не примил гол. Касиљас во средата навечер против Венецуела го одигра 128-от натпревар во дресот на „црвената фурија“, со што го израмни рекордот на Ван дер Сар, според бројот на репрезентативни настапи, на кои не примиле гол. Двајцата голмани сега имаат 72 натпревари на кои не биле совладани. Покрај овој рекорд, Касиљас, по победата на Шпанија над Венецуела од 5:0, дојде на чекор до израмнување на рекордот, на поранешниот француски репрезентативец Лилиам Турам, кој е фудбалер со најмногу победи во дресот на репрезентацијата. Турам за Франција одиграл 142 натпревари, од кои како победник излегол во 94 средби. Касиљас сега има 93 победи со Шпанија и само една победа го дели од израмнување на рекордот на Турам./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

