Спорт
Три дерби пресметки во 27-та рунда, во Премиер лигата
Три дерби средби ќе бидат во центарот на вниманието во 27-то коло, во Премиер лигата на Англија.
Три дерби средби ќе бидат во центарот на вниманието во 27-то коло, во Премиер лигата на Англија.
Актуелниот шампион, Манчестер Јунајтед, во северен Лондон, ќе му гостува на Тотенхем и со евентуална победа ќе го продолжи притисокот врз водечкиот на табелата Манчестер Сити.
Тотенхем, кој во минатото коло, во градското дерби и покрај водството од 0:2 загуби од Арсенал со 5:2, во овој дел од првенството е безбеден на третата позиција на табелата.
Второто дерби е пресметката на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Арсенал, „црвените“ со освојувањето на Лига купот обезбедија излез на европската сцена, додека „тобџиите“ со победата над Тотенхем го поправаат расположението по серијата од три порази.
Третото дерби е соседската пресметка помеѓу Њукасл и Сандерленд, во која домаќинот влегува како благ фаворит, пред се поради двата порази во серија на Сандерленд.
Лидерот Манчестер Сити би требало да има лесна задача против Болтон, додека неубедливиот Челзи ќе му гостува на ВБА.
Сабота, 3.март:Ливерпул-АрсеналБлекбурн-Астон ВилаМанчестер Сити-БолтонКПР-ЕвертонСтоук-НоричВБА-ЧелзиВиган-СвонсиНедела, 4.март:Њукасл-СандерлендФулам-ВулверхемптонТотенхем-Манчестер Јунајтед.
Табела: Манчестер Сити 63, Манчестер Јунајтед 61, Тотенхем 53, Арсенал и Челзи 46..крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

