Спорт
Продолжува мизеријата на Челзи
Екипата на ВБА забележа значајна победа во дуелот со Челзи, одигран во рамките на 27-то коло, во англиската Премиер лига.
Екипата на ВБА забележа значајна победа во дуелот со Челзи, одигран во рамките на 27-то коло, во англиската Премиер лига. ВБА ги совлада „сините“ со 1:0, со голот кој го постигна Меколи на осум минути до крајот на мечот. Победата на ВБА е прва за овој тим во премиерлигашката конкуренција над Челзи. Тимот од Лондон со овој пораз зад Арсенал, кој се наоѓа на четвртото место заостанува три бода. Челзи ја продолжи лошата серија, на последните пет натпревари има само една победа и се чини дека менаџерот Вилас-Боаш ги брои последните денови на клупата на овој тим. Лидерот на табелата Манчестер Сити, според очекувањата, лесно се справи со Болтон, екипа која до крајот на сеозната ќе се бори за опстанок во лигата. Стеинсон со авто-гол и Балотели му ја донесе победата на Сити. Две средби завршија со резултат 1:1, КПР-Евертон и Блекбурн-Астон Вила. Сигурсон беше двоен стрелец за Свонси, кој со 2:0 забележа победа во Виган, додека Стоук со голот на Етерингтон го победи Норич. Во недела, 27-то коло ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварите Њукасл-Сандерленд, Фулам-Вулверхемптон и Тотенхем-Манчестер Јунајтед. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

