Спорт
Барселона го бојкотира состанокот во Фудбалскиот сојуз на Шпанија
Челниците на Барселона решија да не присуствуваат на состанокот во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, на кој требаше да се договори градот во кој ќе се одигра финалниот натпревар во купот, помеѓу Атлетик Билбао и Барселона.
Челниците на Барселона решија да не присуствуваат на состанокот во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, на кој требаше да се договори градот во кој ќе се одигра финалниот натпревар во купот, помеѓу Атлетик Билбао и Барселона. Првично, финалето требаше да се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, но од „кралскиот клуб“ се премислија, не сакајќи да дозволат, евентуално, Барса да ја прослави титулата на нивни терен. Реал, официјално го извести Фудбалскиот сојуз на Шпанија, дека во тој период на теренот на стадионот ќе се „изведуваат неопходни работи“, поради што не може да биде организатор на финалето. Покрај местото на кој ќе биде одиграно финалето, Атлетик и Барселона не можат да се договорат ниту околу датумот на одигрувањето. Поради несогласувањата на двата тима од Сојузот најавија дека одлуката ќе биде донесена со жрепка. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан и Челзи постигнаа договор за Феликс
Фудбалскиот клуб Милан постигна договор со Челзи за позајмица на Жоао Феликс, пренесува Танзи Лоик, новинар на „Лекип“.
Португалскиот напаѓач со денови се поврзуваше со трансфер во Милан, а како што стојат работите, двата клуба постигнаа договор на истекот на преодниот рок. Феликс ќе го напушти Челзи по само шест месеци, откако му се приклучи на англискиот клуб минатото лето од Атлетико Мадрид. „Сините“ на Атлетико му платија 52 милиони евра за трансферот на Португалецот.
Донесен како големо засилување, Феликс не успеа да му се напетне кај тренерот Енцо Мареска. Во Премиер лигата речиси и да не играше, место во тимот имаше само во Лига купот и Конференциската лига.
Феликс има договор со Челзи до јуни 2030 година. Позајмицата Милан ќе ја плати пет милиони евра. Во договорот не постои клаузула за откуп на договорот.
Феликс кариерата ја започна во Бенфика, во 2019 година се пресели во Атлетико за клупски рекорд од 126 милиони евра. Не ги оправда вложените пари, па Атлетико го испраќаше на позајмици во Челси и Барселона.
Спорт
Сити го договори и Нико Гонзалес, 24 милиони од трансферот одат во касата на Барселона
Манчестер сити заврши уште еден трансфер во зимскиот преоден ток. „Граѓаните“ го договорија трансферот на Нико Гонзалес од Порто.
Сити ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра. Од овој трансфер значителна сума ќе заработи Барселона. Кога Барселона го продаде Нико Гонзалес во Порто задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.
Пеп Гвардиола смета дека младиот Шпанец ќе биде добра замена за Родри, кој во септември ја заврши сезоната.
Нико е четвртото засилување за „Граѓаните“ во овој преоден рок. Претходно во клубот дојдоа Омар Мармуш, Витор Реис и Абдукодир Хусанов.
Со трансферт на Нико Гонзалес, Сити потроши 200 милиони евра во актуелниот преоден рок.
Спорт
Хименез е нова „деветка“ на Милан
Фудбалскиот клуб Милан го официјализира трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд. 23-годишниот Мексиканец потпиша договор до 2029 година, ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.
Милан за трансферот на Хименез плати 32 милиони евра, дополнителните бонуси на клубот од Холандија можат да му донесат уште три милиони евра.
Ова е втор најголем зимски трансфер во историјата на Милан. Иста сума клубот издвои за Кшиштоф Пјатек, кој пред точно шест години пристигна од Џенова на Сан Сиро, а во јануари 2019 година Милан на Фламенго за Лукас Пакета плати 38 милиони евра.
Хименез за Феенорд одигра 105 натпревари, постигна 65 голови и забележа 14 асистенции.
Интересно може да дебитира за новиот клуб токму против Феенорд. Милан е Феенорд ќе играат бараж двомеч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.