Спорт
Реал против Малага, Барса патува во Севилја
Три исклучително интересни натпревари се на програмата во 27-то коло во Примера дивизија.
Три исклучително интересни натпревари се на програмата во 27-то коло во Примера дивизија.
Лидерот на табелата Реал, во Мадрид, ќе ја пречека Малага, која со серија од три победи се проби на четвртата позиција во лигата.
Барселона, која зад Реал на врвот заостанува десет бодови, на „Санчез Писхуан“ ќе и гостува на Севилја, екипа која игра променливо, но и покрај тоа има шанси да се избори за место во европските купови.
Дербито на оваа рунда ќе се одигра на „Сан Мамеш“, каде Атлетик ќе ја пречека Валенсија. Двете екипи, во четвртокот, изборија пласман во четвртфиналето во Лига Европа.
Интересни ќе бидат и пресметките на тимовите кои се борат за опстанок во лигата. Гранада, која се наоѓа во солидна форма е фаворит против Спортинг Хихон, додека Расинг ќе му гостува на Еспањол, кој не се откажал од европските амбиции.
Сабота, 17. март:Гранада-СпортингСарагоса-ОсасунаХетафе-Реал СосиедадСевилја-БарселонаРајо Ваљекано-Бетис
Недела, 18. март:Леванте-ВиљареалМајорка-Атлетико МадридАтлетик Билбао-ВаленсијаРеал Мадрид-Малага
Во понеделник ќе играат Еспањол и Расинг Сантандер. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Историско остварување на Микаела Шифрин
Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом.
Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина.
Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата на Светскиот куп, во машка и женска конкуренција, со девет титули во една дисциплина во текот на повеќе од 60 години од натпреварувањето. Претходниот рекорд го држеше Американката Линдзи Вон, која беше најдобра во спуст осум пати.
Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:37,59 минути. Ова беше нејзина седма победа во осум трки во слалом оваа сезона, што дополнително зборува за континуитетот на нејзината форма и исклучителна стабилност.
Во Шпиндлеров Млин ја забелажа 71 победа во слалом, а има рекордни 108 победи во Светскиот куп.
Mikaela Shiffrin has done it! 🙌
She claimed her NINTH Slalom Globe today with this stunning run 💪 pic.twitter.com/YzfWkAdSO8
— TNT Sports (@tntsports) January 25, 2026
Второто место на денешната трка го зазеде Швајцарката Камила Раст, која заостануваше 1,67 секунди, додека третата беше Германката Ема Ајхер со време 2,18 секунди побавно од победничката.
Во генералниот пласман на слалом, Шифрин убедливо води со 780 поени, пред Раст, која има 492, додека третата е Швајцарката Венди Холденер со 358 поени.
Кога станува збор за генералниот пласман на Светскиот куп, Американката е исто така во водство со 1.133 поени, пред Раст (963) и Ајхер (684).
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA

