Спорт
Панчев: Македонија нема големи шанси да се квалификува на СП
Дарко Панчев не верува дека репрезентацијата на Македонија, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство има некои посериозни шанси да се вмеша во борбата за првите две места на табелата.
Панчев во интервју за порталот „Sportal.rs“, ја искоментира квалификациската група во која покрај Македонија се наоѓаат Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс. „За жал, Македонија, објективно нема големи шанси да се пласира на СП. Тоа е нашата реалност, но не значи дека Македонија не може некого да изненади. Според мене три репрезентации ќе се борат за пат во Бразил. Тоа се Србија, Хрватска и Белгија. Ќе навивам редоследот да биде ваков“, вели Панчев, дополнувајќи дека предноста на Хрватска во однос на Србија е таа што Хрватите во последните 14 години пропуштиле само едно големо натпреварувње. Во интервјуто популарниот „Кобра“ се осврна и на случувањата во Црвена звезда, вели дека поставувањето за тренер на неговиот поранешен соиграч, од „златната генерација“ на Црвена звезда, Роберт Просинечки, е најдобриот потег кој го направил претседателот Владан Лукиќ. „Му го кажав тоа на Лукиќ, сега треба уште да му донесе добри фудбалери. Што работи тој „Гаспром“, нека испушти од некоја славина милиони за да биде Звезда повторно голема. Гледам дека донеле добри млади фудбалери, треба само малку трпение, ќе биде тоа добар тим.“ Панчев направи споредба помеѓу националните шампионати на Србија и Македонија и според него српската луга е посилна од Македонската. „Па вашата лига е многу посилна од македонското првенство, има тука сериозни клубови, не се интересни само Звезда и Партизан. Верувам дека „црно-белите“ ќе ја одбранат титулата, бидејќи бодовната разлика е голема, а што се однесува до мојата Звезда, убеден сум дека ќе го освои трофејот во купот.“ На крајот, играчот кој со своите голови се прослави во Вардар и Црвена звезда, изрази надеж дека неговиот поранеше соиграч, Синиша Михајловиќ, ќе направи голема тренерска кариера и откри дека најголемата грешка ја направил кога потпишал за Интер, а ги одбил Реал, Барселона и Манчестер. Дарко Панчев , покрај Јосип Скоблар е единствениот фудбалер од просторите на поранешна Југославија, кој успеал да ја освои „златната копачка“ како најдобра стрелец во Европа. крај/sportal.rs/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

