Спорт
Фудбалската репрезентација на 98. место

Фудбалската репрезентација на Македонија, се врати меѓу најдобрите 100 светски селекции, откако на најновата листа на ФИФА е рангирана на 98-то место.
Македонија, која во изминатиот месец не одигра ниту еден натпревар, бележи скок од четири места. Пред „црвено-жолтите“ се наоѓаат репрезентациите на Виетнам, Бугарија, Грузија, Оман, Бахреин, Уганда. Македонија според рејтингот е најлоша од опонентите со кои ќе игра во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил, во 2014 година. Најдобар рејтинг од нашите следни противници има Хрватска, која се наоѓа во Топ 10, „коцкестите“ се осморангирана светска репрезентација, потоа следуваат, Србија (32), Велс (41), Белгија (44) и Шкотска (48). На врвот на листата е Шпанија, актуелен европски и светски првак, втора е Германија, трет Уругвај, а Холандија која бележи пад од две места се наоѓа на четвртото место. Нашиот следен противник, со кој ќе играме пријателски меч, репрезентацијата на сметка на Бразил и Англија, направи скок од две места и сега официјално е петтата светска фудбалска сила. крај/fifa.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.